Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната V-та седница (денeс, 17 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 61 став 2 од Законот за денационализација (“Службен весник на Република Македонија“ бр.20/98, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 55/2013, 33/2015 и 104/2015).
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на делот „За регионален развој“ од член 22 став 1 и делот „За регионален развој“ од член 69 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 63/2007; 187/2013, 43/2014, 215/2015 и 64/2018).
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 13 став 1 во делот: „Совет на судската служба“, од Законот за судската служба („Службен весник на Република Македонија“ број 43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/2018 и 248/2018).
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Деловникот на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019).
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Јавното претпријатие за комунална дејност „Маврово”, број 0202-913/2 од 11.12.2017 година; и
– ги укине член 143 ставови 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017, 168/2018, 247/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2019 и 42/2020) и го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на овие одредби.
Расправата по предметот У.бр.299/2020 и одлучувањето по предлогот за одлучување во предметот У.бр.15/2020 се одложија за наредната седница на Судот.