Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, вчера (03.02.2021 година) оствари работна средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ на која беше разговарано на повеќе теми, како владеење на правото и унапредување на соработката со цел постигнување на европски стандарди во правосудството.
На средбата беше заеднички констатирана потребата од продолжување и продлабочување на соработката со одржување на редовни работни средби и состаноци и во иднина.
г. Мурати и г. Mаричиќ се согласија дека Уставниот суд треба да продолжи да ги следи и практикува меѓународните стандарди и искуства, а особено искуствата на Европскиот суд за човекови права кога е во прашање домашното уставно право и практика.