Претседателот на Уставниот суд, г. Сали Мурати, вчера (03.02.2021 година) оствари средба со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев на која разговараа за неколку актуелни прашања од сферата на уставното судство и правосудството.
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, го информираше премиерот Заев за неодамна остварената работна билатерална посета на Република Турција каде што делегација на Уставниот суд оствари средби со највисоки претставници на уставното право на Турција, како и со претставници на правосудните и највисоките државни институции на оваа земја на кои било разговарано за можната соработка, особено во делот на размената на искуства од работата на судските институции во двете земји.
На средбата меѓу претседателот на Уставниот суд, Мурати и претседателот на Владата, Заев, стана збор и за целосната поддршка која Владата ја пружа за јакнење на капацитетите и независноста на судските институции во сите инстанци, вклучително и независноста на Уставниот суд, како основен предуслов за владеење на правото и правната држава.
Двајцата соговорници на средбата се согласија и за неопходноста од натамошно обезбедување на материјалната и финансиска самостојност на работењето на Уставниот суд и другите институции во правосудниот систем за целосното остварување на нивната независност согласно принципите за поделба на власта во општеството.
Мурати и Заев се согласија дека Уставниот суд треба да продолжи да ги следи и практикува меѓународните стандарди и искуства кога е во прашање домашното уставно право.