Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 4-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 10.02.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019.
Реферат У.бр.164/2019

2. – Член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/2016) и
– делот „ставот 9 на“ од член 81 став 9 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ број 106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 113/2018 и 245/2018).
Реферат У.бр.290/2020

3. Член 9 став 1 и 3 од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр.63/2000, 29/2002, 49/2003, 66/2003, 81/2008,158/2010, 43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016, 83/2018).
Реферат У.бр.296/2020

4. Член 5 ставови 3 и 4 и член 13 ставови 1 и 2 од Правилникот за составот на испитната комисија, начинот на полагање на стручниот испит, начинот на проверката на стручните знаења и вештини и обрасците на уверението за положен стручен испит на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, број 02-438/3 од 2 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.148/2020), донесен од Собранието на Стоматолошката комора на Македонија.
Реферат У.бр.263/2020

5. -Член 34 став 1 и 2 во делот на процентите кои се однесуваат на маж, зборовите: „(маж), односно” и зборот: „(жена)”;
-член 35 став 1 во делот на годините кои се однесуваат на маж, зборовите „години (маж), односно над” и зборот: „(жена)”;
-член 52 ставови 3 и 4 во делот на прикажаната табела: колоната која се однесува на маж и зборот: „жена”;
-член 77 во делот: „55 години живот (маж), односно” и зборот „(жена)”;
-член 78 став 2 во делот: „1,08% (маж) и” и зборот: „(жена), став 3 во деловите: „2,22% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена” и „1,08% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена” и став 4 во делот: „2,48% за маж и” и зборовите: „за жена”;
-член 83 во делот: „55 години живот (маж), односно” и зборот: „жена”;
-член 85 во делот: „55 години живот (маж), односно” и зборот: „жена”;
-член 86 во делот: „55 години живот (маж) и” и зборот:„жена”;
-член 87 став 2 во делот: „1,08% (маж) и” и зборот: „жена”, став 3 во деловите: „2,22% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена” и 1,08% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена” и став 4 во делот: „2,48% за маж и” и зборовите: „за жена”;
-член 88 во делот: „62,0% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена”;
-член 228 став 1 (преодни и завршни одредби) од табелата во делот на колоната која се однесува на маж и зборот: „жена”, ставови 3 и 4 во деловите на процентите кои се однесуваат на маж, зборовите: „маж, односно” и зборот: „жена” и
-член 237 став 1 (преодни и завршни одредби) во делот на годините кои се однесуваат на маж и зборовите: „години живот (маж), односно” и зборот „жена”, од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018 и 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 180/2019, 275/2019, 31/2020 и 267/2020).
Реферат У.бр.118/2019

6. – Указ за прогласување на Законот за јавното обвинителство бр.08-1411/1 од 16 февруари 2020 година и
– Законот за јавното обвинителство (двата акти објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020) во целина и посебно член 4 став 2, член 29 ставови 2 и 3, член 110 ставови 1, 2 и 3 и член 113 од означениот закон.
Реферат У.бр.14/2020, У.бр.36/2020 и У.бр.192/2020