Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 2-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 26.01.2021 година (вторник), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Одлука за избор на Влада на Република Северна Македонија број 082744/1 од 30 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.210/2020).
Реферат У.бр.260/2020 и У.бр.280/2020

2. – Член 240 став 4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр.169/2015, 226/2015, 55/2016, 11/2018, 83/2018 и 98/2019).
– Член 2 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија„ бр.139/2016), донесен од министерот за внатрешни работи.
Реферат У.бр. 83/2019

3. Член 23 ставови 5, 6, 7, 8 и 9 од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020).
Реферат У.бр.51/2020

4. Член 95 став 1 и став 4 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ број 72/2016, 142/2016 и 233/2018).
Реферат У.бр.292/2020

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот Реферат У.бр.286/2020