Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019 и 256/2020), на седницата одржана на 18 ноември 2020 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување на постапка за оценување на уставноста на:
а) Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2572/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година);
б) Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2560/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година);
в) Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2568/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година);
г) Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2575/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година);
д) Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2579/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година);
ѓ) Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2583/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година).
е) Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2587/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 26 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година).
ж) Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2589/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 26 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година).
2. Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на одлуките означени во точката 1 од ова решение.
Сите иницијативи започнуваат и завршуваат со тврдење дека оспорените одлуки не се во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 (односно со владеењето на правото), член 51 став 1 (односно со обврската за согласност на прописите со Уставот и со закон), член 61 став 2 (односно со обврската Собранието да функционира во согласност со Уставот и со Деловникот на Собранието), член 62 став 5 (односно со начинот и условите за избор на пратениците уредени со закон) и со член 17 од Деловникот на Собранието (односно со обврската на Собранието за верификација на мандат на пратеник кој станал пратеник од листата на кандидати за остатокот на мандатот, што Собранието требало да го направи на првата наредна седница и врз основа на извештајот на Државната изборна комисија, а по предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања).
Во врска со наведеното тврдење, подносителот на иницијативите најнапред наведува дека „уставните судии треба да ги имаат предвид“:
-Одлуката за избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2358/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 4 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.198/2020 од 5 август 2020 година),
-Одлуката за верификација на мандатот на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија (120-те пратеници, н.з.), бр.08-2362/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 4 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.198/2020 од 5 август 2020 година),
-Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2520/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 21 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.205/2020 од 21 август 2020 година),
-Одлуката за избор на Владата на Република Северна Македонија, бр.08-2744/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 30 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.210/2020 од 31 август 2020 година),
-потоа, содржината на членот 8 од Изборниот законик (за неспојливоста на функцијата пратеник со други јавни функции), како и
-содржината на членовите 10-17 и на членот 20 од Деловникот на Собранието (дека верификацијата на мандатот на пратениците кои станале пратеници од листата на кандидатите за остатокот на мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на Државната изборна комисија, а по предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања).
Потоа, во иницијативите се наведува дека: „…Собранието на Република Македонија верификацијата на мандатот на пратеникот (Зеќир Рамчиловиќ, Бедри Фазли, Драгица Ѓавочанова, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска – Ванчева, Мирослав Богдановски, Фиснике Бектеши Шаќири) ја изврши неосновано, врз основа на членот 11 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, односно по предлог на Верификационата комисија, наместо по предлог на надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања …„.
Подносителот на иницијативата бара Уставниот суд да ги поништи оспорените одлуки поради спротивност со напред наведените уставни и деловнички одредби, да ги запре од извршување поединечните акти и дејствија што се преземаат врз основа на оспорените одлуки, потоа да констатира дека наведените осум пратеници немаат право да присуствуваат на седниците на Собранието до верификација на нивните мандати во согласност со член 17 од Деловникот на Собранието (по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања) и да ги поништи седниците на Собранието на кои наведените осум пратеници гласале.
3. Судот на седницата утврди дека:
а) Во Воведот на првата одлука се наведува дека Одлуката е донесена врз основа на член 153 од Изборниот законик и член 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одлуката гласи:
„I. Се верификува мандатот на пратеникот:
– Зеќир Рамчиловиќ.
II. Оваа одлука влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
б) Во Воведот на втората одлука се наведува дека Одлуката е донесена врз основа на членот 153 од Изборниот законик и членот 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одлуката гласи:
„I. Се верифицира мандатот на пратеникот:
– Бедри Фазли.
II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
в) Во Воведот на третата одлука се наведува дека Одлуката е донесена врз основа на членот 153 од Изборниот законик и членот 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одлуката гласи:
„I. Се верифицира мандатот на пратеникот:
– Драгица Ѓавочанова.
II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
г) Во Воведот на четвртата одлука се наведува дека Одлуката е донесена врз основа на членовите 153 и 153-а од Изборниот законик и член 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одлуката гласи:
„I. Се верификува мандатот на пратеникот:
– Белкиса Зеќири.
II. Оваа одлука влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
д) Во Воведот на петтата одлука се наведува дека Одлуката е донесена врз основа на член 153 од Изборниот законик и член 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одлуката гласи:
„I. Се верификува мандатот на пратеникот:
– Славјанка Петровска.
II. Оваа одлука влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
ѓ) Во Воведот на шестата одлука се наведува дека Одлуката е донесена врз основа на членовите 153 и 153-а од Изборниот законик и членот 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одлуката гласи:
„I. Се верифицира мандатот на пратеникот:
– Снежана Калеска – Ванчева.
II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
е) Во Воведот на седмата одлука се наведува дека Одлуката е донесена врз основа на член 153 од Изборниот законик и член 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одлуката гласи:
„I. Се верификува мандатот на пратеникот:
– Мирослав Богдановски.
II. Оваа одлука влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
ж) Во Воведот на осмата одлука се наведува дека Одлуката е донесена врз основа на член 153 од Изборниот законик и член 17 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одлуката гласи:
„I. Се верификува мандатот на пратеникот:
– Фиснике Бектеши Шаќири.
II. Оваа одлука влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
4. Имајќи ја предвид содржината на оспорените осум одлуки, дека „се верификува мандатот на пратеникот“ Зеќир Рамчиловиќ, Бедри Фазли, Драгица Ѓавочанова, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска – Ванчева, Мирослав Богдановски, Фиснике Бектеши Шаќири, дека таквата содржина не претставува уредување на права и обврски на правните субјекти на општ начин, ниту пак претставува изменување и дополнување на системот на општи норми во врска со изборите, туку претставува спроведување на општи норми на однесување во конкретна ситуација, Судот оцени дека оспорените осум одлуки претставуваат поединечни правни акти, поради што, согласно на член 110 алинеја 2 од Уставот, не е надлежен да одлучува Уставниот суд.
5. При таква состојба, Судот утврди дека се исполнети условите од член 28 алинеја 1 на Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативите, па одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Сали Мурати и судиите: Насер Ајдари, Елена Гошева, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и Вангелина Маркудова.
У.бр.251/2020
У.бр.252/2020
У.бр.253/2020
У.бр.254/2020
У.бр.255/2020
У.бр.256/2020
У.бр.257/2020
У.бр.258/2020
Скопје
18 ноември 2020 г.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Сали Мурати