Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 33-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 09.12.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Одлука за прогласување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, заведена под број 08-184/1 донесена на седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана од 11 јануари 2019 (“Службен весник на Република Македонија” бр. 6/2019).
Реферат У.бр.13/2019, У.бр.31/2019, У.бр.38/2019 и У.бр.26/2020

2. Член 22 и член 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 245/2018)
Реферат У.бр.97/2019

3. Член 256 став 2 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019 и 275/2019).
Реферат У.бр.18/2020

4. Член 23 ставови 5, 6, 7, 8 и 9 од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020).
Реферат У.бр.51/2020

5. Членот 6 со кој по членот 20 се додаваат членовите: 20-а, 20-б и 20-в од Измените и дополнува­њата на Колективниот договор за работ­ниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“- п.о- Скопје, склучен помеѓу Синдикатот на работниците од шумарството и дрвната индустрија на Република Македонија и Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“ (бр.02-1126/4 од 13.07.2009 година).
Реферат У.бр.232/2020

6. Одлука за примање на донација за реконструкција на стационарот Вардариште, донесена на 28.05.2020 година, бр.27-4116/1 („Службен гласник на град Скопје“ бр.6/20).
Реферат У.бр.210/2020

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.123/2019 со нацрт-одлука

2. Предлог за одлучување по предметот У.бр.146/2019 со нацрт-одлука