Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 31-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 12.11.2020 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Делот „2001“ од членот 4 став 2 од Законот за Агенција на Република Македонија за управување со средства („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/2001)
Реферат У.бр.38/2020

2. Член 64 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 55/2013, 33/2015 и 104/2015)
Реферат У.бр.206/2020

3. Член 54 став 1 точки 1-9 и став 2 точки 1, 2 и 3 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 65/2019)
Реферат У.бр.90/2019

4. Заклучок бр.08-2528/12 од 27 јуни 2019 година, донесен од Советот на Општина Струга
Реферат У.бр.130/2019

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права
Реферат У.бр.250/2020

2. Барање за заштита на слободи и права
Реферат У.бр.230/2020