Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХVI седница (денeс, 23 септември 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 82 став 4 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 6/2016, 30/2016, 61/2016, 64/2018, 120/2018 и 185/2018) и член 37 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр.88/2015);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 7 став 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2004, 30/2004, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018. 208/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/2019 и 42/2020);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 67 став 1 алинеја 2 од Законот за Агенција за национална безбедност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/2019);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.159/2015), во целина и посебно членовите 1, 2, 3, 6, 9, 11, 17, 18 и 23;
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за медијација за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.70/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1, член 2 и член 4 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на децата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.88/2020) и на член 1 и 3 од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на децата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020) и да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 3 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на децата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.88/2020) и член 2 од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на децата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за задолжување на Република Северна Македонија кај меѓународниот монетарен фонд за финансиската поддршка од инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.100/2020);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.128/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.140/2020);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2020);
– поведе постапка за оценување на уставноста на член 25 ставови 2 и 3 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.65/2007 и 133/2016);
– го отфрли барањето за заштита на слободи и права за заштита од дискриминација по основ на социјална припадност во предметот У.бр.163/2019;
– ја укина Одлуката за утврдување на должности во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команда на корпус и во воени установи во кои службата се врши под трупни услови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/2009);
– го укина членот 52 од Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ ПО-Скопје, склучен помеѓу Синдикатот на работниците од шумарството и дрвната индустрија на Република Македонија и Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“, (бр.02-468/1 од 06.02.2006, 02-202/4 од 25.01.2007, бр.02-243/3 од 09.02.2009, бр.02-1126/4 од 13.07.2009, бр.02-864/2 од 30.06.2011, бр.02-907/1 од 03.09.2014 и бр.02-675/1 од 26.08.2019);
– го поништи членот 3 од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 149/2020) и го стави вон сила решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на членот 3 од оваа уредба со законска сила;
– ја поништи Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2020) и го стави вон сила решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба со законска сила;