Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХ седница (денeс, 10 јуни 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 63 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2013, 18/2014, 44/2014, 129/2015, 152/2015, 39/2016, 58/2016, 11/2018 и 275/2019);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство на територија на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/2020 година);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (Ковид -19) за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.100/2020); и
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 точка 2 и точка 8 алинеја 2 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72,2020, 74/2020, 76/2020, 78/2020, 89/2020, 92/2020, 100/2020, 105/2020, 107/2020, 111/2020, 119/2020, 125/2020, 130/2020, 134/2020 и 136/2020).
Судот го одложи одлучувањето по однос на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019 за една од наредните седници.