С О О П Ш Т Е Н И Е

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XIХ седница (денeс, 3 јуни 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да:

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 52 од Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ ПО-Скопје, склучен помеѓу Синдикатот на работниците од шумарството и дрвната индустрија на Република Македонија и Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“, (бр.02-468/1 од 06.02.2006, 02-202/4 од 25.01.2007, бр.02-243/3 од 09.02.2009, бр.02-1126/4 од 13.07.2009, бр.02-864/2 од 30.06.2011, бр.02-907/1 од 03.09.2014 и бр.02-675/1 од 26.08.2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за процена за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за возила за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минералните суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.88/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија бр.09-1422/1 од 16 февруари 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата („Службен весник на Репуб­лика Македонија“ бр.46/2004, 109/2006 и 157/2007);

– да го отфрли барањето за заштита на слободите и правата што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување на мислата утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот (Предмет У.бр.139/2019);

– да го отфрли барањето за заштита на слободите и правата што се однесуваат на заштита од дискриминација по основ на национална припадност во предметот (Предмет: У.бр.4/2020); и

– да го поништи членот 3 од Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба и постапување на судовите и јавните обвинителства („Службен весник на Република Македонија“ бр.84/2020 и 89/2020);