Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XVI седница (денeс, 20 мај 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневен ред одлучи да:
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вештачење за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 70/20);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Уредбата за поблиските услови за подготовка на документите за електронско складирање и квалификувано електронско складирање и форматите на документите кои се погодни за складирање („Службен.весник на Република Северна Македонија“ бр. 72/20);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2020, 76/2020, 94/2020, 97/2020 и 100/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.76/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.76/2020); Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 84/2020); и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.100/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 82/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за студентски стандард за време на вонредна состојба („Службен.весник на Република Северна Македонија“ бр.84/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 84/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за учебници за основно и средно образование за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 88/2020 од 03.04.2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за инспекциски надзор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за постапката за издавање на дозволите за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за времетраењето на вонредната состојба („Службен.весник на Република Северна Македонија“ бр.902/20);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за задолжително капитално финансиско пензиско осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 94/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 и 3 и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 94/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавнообвинителска служба за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020); и
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавни собири за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/20);
Судот го одложи одлучувањето по однос на уставноста на Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства („Службен весник на Република Северна Македонија” број 84/2020 и 89/2020) и Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 90/2020) за некоја од наредните седници.