Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XV седница (денeс, 15 мај 2020 година, со почеток од 9,00 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да:
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020) и Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 70/2020) и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 95/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 79/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за личната карта за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 71/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за општата управна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 76/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 76/2020);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 79/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 79/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за локалната самоуправа за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 95/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за ученичкиот стандард за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 84/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 86/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за гробишта и погребални услуги за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 88/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 90/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработување на инвалидни лица за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 94/2020);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавен сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 95/2020 и 97/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акредитација за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 103/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 103/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за банките за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за задолжителна самоизолација при тестирање за присуство на коронавирус COVID-19 за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавнообвинителска служба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 95/2020);
Судот го одложи одлучувањето по однос на уставноста на Уредбата со законска сила за утврдување на задачи на Армијата на Република Северна Македонија за време на траењето на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 72/2020); Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства („Службен весник на Република Северна Македонија” број 84/2020 и 89/2020); Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 90/2020) и Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавни собири за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/20) за некоја од наредните седници.