Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XIII седница (денeс, 12 мај 2020 година со почеток од 9,00 часот), ја известува јавноста дека одлучи:
– да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 95, член 99 став 1 во целина и посебно алинеја 2, член 107 став 5, во делот: „до второстепениот орган“, член 114 став 1, во делот: „кога рокот за поднесување жалба против управен акт истекол“ и член 119 став 1, во делот: „посебна организационата единица или колегијално тело на јавниот орган“, од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) (У.бр.55/2018);
– да не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2020) (У.бр.55/2020);
– да поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 од Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 84/2020 и 89/2020) (У.бр.56/2020);
– да не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба заведена под број 44-2447/1 од 23 март 2020 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 76/2020 (У.бр.80/2020);
– да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 66 став 2 алинеја 6 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен гласник на Република Македонија“ бр.169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 и 95/2019) (У.бр.142/2019);
– да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Точка I. Преглед на законските основи за утврдување и пресметување на додатоци на плата на судската полиција, потточка 4. Додаток на плата за работа за време на неделен одмор од Упатството за начинот на пресметка и исплата на додатоци на плата на судската полиција, број 03-599/9 од 13.06.2016 година, донесен од Судскиот буџетски совет на 01.06.2016 година (У.бр.91/2019);
– да го укине член 18 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 238/2019) (У.бр. 94/2019);
– да ги поништи: Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020); и Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020) (У.бр.44/2020 и У.бр.50/2020);
– да ги поништи: Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.108/2020) (У.бр.49/2020);