Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 14-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 14.05.2020 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Одлука за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/2020).
Реферат У.бр.60/2020

2. Одлука за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, бр.44-2416/6 од 6 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020), донесена од Владата на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.53/2020

3. Уредба со законска сила за примена на Законот за јавни собири за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/20).
Реферат У.бр.65/2020

4. Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2020).
Реферат У.бр.42/2020

5. Уредба со законска сила за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/2020).
Реферат У.бр.66/2020

6. Закон за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата („Службен весник на Репуб­лика Македонија“ бр.46/2004, 109/2006 и 157/2007).
Реферат У.бр.151/2019

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.115/2019 со нацрт-одлука