Соопштение

По повод информациите објавени од одредени медиуми, Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека во Судот до денес нема оформено предмети за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за доделување на парични средства на одредени високообразовни институции од Републиката, ниту досега е доставена иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на истата.

По однос на Уредбата со законска сила која се однесува на вработените во СЈО, информираме дека е оформен предмет по претходно поднесена иницијатива од политичка партија.

До денес, по овој предмет не е закажана седница на која би се разгледувал истиот. Истовремено нагласуваме дека за Уставниот суд е неприфатливо однапред да се шпекулира со исходот на било кој предмет.

На крајот, апелираме до медиумите дека може да ги постават своите прашања до портпаролот на Судот или преку електронски пат на мејлот кој што е објавен на сајтот, а со цел да се добијат веродостојни и точни информации.