Соопштение

По одржувањето на продолжението на Десеттата седница, судиите на Уставниот суд, одржаа работен состанок на кој ја утврдија динамиката на разгледување и одлучување по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на оспорените уредби со законска сила донесени од Владата на Република Северна Македонија, но и по однос на предметите за оценување на други уредби со законска сила за кои Судот одлучи да поведе постапка по службена должност согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.