Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија денес на продолжението на Десеттата седница, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020).