Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 11.03.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Закон за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2004, 109/2006 и 157/2007).
Реферат У.бр.151/2019

2. Член 54 став 1 точка 1, точка 2 во делот „по добивање на писмената согласност од став 1 точка 1 од овој член“, и став 3 во делот “(лична карта и имотен лист)“ од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2019 и 162/2019).
Реферат У.бр.82/2019

3. Член 68 став 3 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018).
Реферат У.бр.114/2019

4. Член 46 став 1 алинеја 4 во делот: „локалните избори“ и член 76 став 3 во делот: „локалните избори“ од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002).
Реферат У.бр.135/2019