Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 04.03.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Членовите 68, 69, 70, 71, 72, 73, 74, 75, 76, 77, 78, 79, 80 и 81 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016).
Реферат У.бр.136/2019

2. Член 24 ставови 3 и 5 и член 25 ставови 1, 2 и 3 од Законот за полиција („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/2006, 6/2009, 145/2012, 41/2014, 33/2015, 31/2016, 106/2016, 120/2016 и 21/2018.
Реферат У.бр.147/2019 и У.бр.155/2019

3. Член 7 став 2 од Статутот на Општина Струга, донесен на седница на Советот на Општина Струга на 27.02.2028 година („Службен гласник на Општина Струга“ бр.2/18)
Реферат У.бр.57/2018

4. – Одлука за утврдување на надоместок за користење на површина во општа употреба – автобуски стојалишта заведена под број 09-210 од 30 март 2015 година на Советот на Општината Битола, а објавена во „Службен гласник на Општина Битола“ бр.4 од 03.04.2015 г. и
– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместок за користење на површина во општа употреба – автобуски стојалишта бр.09-33/42 од 12.04.2017 г. на Советот на Општина Битола, објавена во „Службен гласник на Општина Битола“ бр. 4 од 20.04.2017 г.
Реферат У.бр.154/2019

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.2/2019

2. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.105/2019