Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 28-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 04.12.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 17 ставови 1, 2 и 3; член 20 ставови 3 и 4; член 23 и член 25 ставови 3, 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход („Службен весник на Република Македонија“ бр.190/2017).
Реферат У.бр.135/2018

2. Член 86 став 2 во делот „… односно непреземањето на дејствие …“ и во делот „… односно непревземеното дејствие.“ од Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018).
Реферат У.бр.113/2019

3. Член 11 став 2, во делот: „на денот на влегувањето во сила на овој закон“, член 47 став 3 точка 2, во делот: „стекнато до денот на влегување во сила на овој закон“ и член 61 став 1 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/98, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 55/2013, 33/2015 и 104/2015).
Реферат У.бр.128/2018 и У.бр.136/2018

4. Член 229 став 1 во делот „на лиценца“; член 229 став 8 во делот „ставот (1) на“ и член 231 став 16 во делот „за користење и располагање со стварите на државните органи од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2012, 145/2012, 87/2013, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 192/2015 и 37/2016).
Реферат У.бр.127/2019

5. Член 54 став 1 во делот: „доколку се исполнети следните услови и постапка:“ и точките 1-9 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2019).
Реферат У.бр.76/2019

6. Член 1 и член 2 од Законот за амнестија („Службен весник на Република Македонија“ бр.233/2018).
Реферат У.бр.100/2019

7. Заклучок за граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на РМ бр.08-450/18 од 30.01.2019).
Реферат У.бр.53/2019