Уставниот суд на Република Северна Македонија на 06 ноември 2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.2/2019 што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на забрана на дискриминација врз основа на националното потекло кое ја подразбира и етничката припадност.
Јавната расправа ќе се одржи во Уставниот суд на Република Северна Македонија во салата за седници на Судот.