Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 10-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 03.04.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Членовите 4 став 2 и 27 став 2 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и
– Членовите 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 43/2014).
Реферат У.бр.39/2018

2. Член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/2016).
Реферат У.бр.66/2018

3. Одлука за утврдување на усло¬ви за начинот на градење во се¬ло Лагадин, Општина Охрид за кое нема урбанистички план, донесена од Советот на Општина Охрид на седница одржана на 14 октомври 2015 година и објавена во („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.11 од 15 октомври 2015 година).
Реферат У.бр.30/2017

4. Член 75 став 1 алинеја 1 од Колективниот договор за вработените од земјоделство и прехрамбена индустрија, пречистен текст („Службен весник на Република Македонија“ бр.128/2012)
Реферат У.бр.36/2018