Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 6-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 06.03.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 101 ставовите 1 и 2 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015)
Реферат У.бр.69/2018

2. Член 12 став 2 во делот: „како и жалбата за која не е платена судска такса” од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија” број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/2011, 79/2013, 164/2013, 29/2014, 98/2015 и 192/2015) и член 6 став 3 од Законот за судските такси („Службен весник на Република Македонија“ број 114/2009, 148/2011, 106/2013 и 166/2014)
Реферат У.бр.21/2019

3. Член 216 став 2 и став 3 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/2007, 130/2008, 97/2010, 53/2011, 185/2011, 15/2013, 148/2013, 28/2014, 43/2014, 130/2014, 180/2014, 78/2015, 192/2015, 27/2016, 120/2016, 165/2017 и 83/2018)
Реферат У.бр.23/2019

4. Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, број 08-6054/1 од 19.10.2018 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија” број 192/2018.
Реферат У.бр.7/2019

5. Член 10 став 1 од Правилникот за начинот на пресметка и уплата на аконтациите на персоналниот данок на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за приход и данок („Службен весник на Република Македонија“ број 197/2017), донесен од министерот за финансии.
Реферат У.бр.133/2018

6. Член 4 став 1 точка 3 од Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори за референдум на државно ниво 30 септември 2018 година, број 08-1813/1 од 4 септември 2018 година, донесен од Државната изборна комисија.
Реферат У.бр.114/2018

7. Одлука за запирање на спроведувањето на деталните урбанистички планови, бр.08-2774/4 од 14.06.2018 година, донесена од Советот на Општина Центар („Службен гласник на Општина Центар, бр.9/2018)
Реферат У.бр.84/2018

8. Член 9 став 2 и член 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2012, 109/2013, 126/2015 и 127/2015).
Реферат У.бр.11/2019