Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 4-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.02.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 8 став 1 Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија” број 23/2011, 54/2011, 155/2012, 53/2013, 72/2013, 44/2014, 115/2014, 199/2014, 124/2015, 129/2015, 217/2015, 31/2016 и 190/2017).
Реферат У.бр.31/2018

2. Член 17 од Законот за следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија” број 71/18).
Реферат У.бр.83/2018

3. Член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), и член 265 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.119/2018

4. Член 33 став 1 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води („Службен весник на Република Македонија“ бр.68/2004, 28/2006, 103/2008, 17/2011, 54/2011, 163/2011,10/2015, 147/2015 и 31/2016).
Реферат У.бр.130/2018

5. – Правилник за подготовка, организирање и спроведување референдум на државно ниво 30 септември 2018 година, бр.12-1401/1, донесен од Државната изборна комисија на 1 август 2018 година;
– Одлука за дополнување на Правилникот бр.12-1401/1 од 01.08.2018 година за подготовка, организирање и спроведување референдум на државно ниво 30 септември 2018 година, бр.12-1401/2, донесен од Државната изборна комисија на 10 август 2018 година.
Реферат У.бр.96/2018