Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 1-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.01.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 66 ставови 8 и 9, член 79 ставови 2 и 3 и член 94 ставови 2 и 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (“Службен весник на Република Македонија” број 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016).
Реферат У.бр.50/2018

2. Член 15 став 1 точка 2, став 3 и став 4 од Законот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017).
Реферат У.бр.101/2018

3. Член 35 став 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2006, 35/2008, 150/2010 и 83/2018).
Реферат У.бр.104/2018

4. – Правилник за подготовка, организирање и спроведување референдум на државно ниво 30 септември 2018 година, бр. 12-1401/1 од 1 август 2018 година;
– Одлука за дополнување на Правилникот бр. 12-1401/1 од 1 август 2018 година за подготовка, организирање и спроведување референдум на државно ниво 30 септември 2018 година, бр. 12-1401/2 од 10 август 2018 година;
– Правилник за критериумите за определување на надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на референдумот 2018 година, бр. 08-2287/1 од 1 октомври 2018 година;
– Правилник за начинот и постапката за решавање на приговори за референдум на државно ниво 2018, бр. 08-181/1 од 4 септември 2018 година;
– Упатство за начинот на достава на гласачкиот материјал од општинските изборни комисии до избирачките одбори, бр. 12-2050/1 од 25 септември 2018 година;
– Упатство за примена на член 113-б од Избориот законик за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва односно конзулрните канцеларии, бр. 08-1981/1 од 20 септември 2018 година;
– Упатство за гласање на лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, бр. 08-1982/1 од 20 септември 2018 година;
– Упатство за примената на член 111 ставови 4, 5, 6 и 7 од Изборниот законик за гласање на немоќни или болни лица, бр. 08-1979/1 од 20 септември 2018 година;
– Упатство за примена на член 111 став 1, 2 и 3 од Изборниот законик за болни и немоќни лица, бр. 08-1980/1 од 20 септември 2018 година и
– Упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи, бр. 08-1919/1 од 14 септември 2018 година,
сите донесени од Државната изборна комисија
Реферат У.бр.115/2018

5. Одлука за ставање вон сила на Одлуката за давање согласност на измената на Годишниот план за вработување на Општина Кратово за 2018 година бр.09-763/1 од 25.04.2018 година, донесена од Советот на Општина Кратово.
Реферат У.бр.61/2018

6. Решение УПОВ бр.24/2017 од 06.04.2017 година на Вишиот управен суд.
Реферат У.бр.58/2018