У.бр.17/2018

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеи и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 11 јуни 2018 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на:

– член 2 точка 16;
– од главата II „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република на Македонија“ на член 4 ,член 5,член 6, член 7,член 8,член 9, член 10,член 11,член 12 и член 13;
– од главата III „Начин на стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител и континуирано професионално усовршување“ на член 14, член 15, член 16, член 17, член 18, член 19 ставови 1, 2 и 3 и член 19-а;
– од главата IV „Вршење сметководствени работи“ на член 20 ставови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8; член 21, член 22,член 23, член 24, член 25, член 26, член 27 и член 28 став 1 и 2;
– од главата V “Регистри“ на член 29, член 30 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8, ставови 3, 4, и 5 и член 31;
– од главата VI „Дисциплинска постапка“ на член 32, член 33, член 34, член 35, член 36, член 37, член 38, член 39 и член 40;
– од главата VII „Контрола на работењето“ на член 41;
– од главата VIII „Надзор“ на член 42 и член 43;
– од главата IX „Прекршочни одредби“ на член 44 став 1 точки 1, 2, 3 и 4; член 45 став 1 точка 7, член 46, член 46-ѓ, член 47 и член 47-а и
– од главата X „Преодни и завршни одредби“ на член 48 член 49 став 1 точки 1 и 2, член 50 ставови 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7, член 51, член 53 и член 54 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017).

2. Благоја Пандовски од Скопје до Уставниот суд на Република Македонија достави иницијатива за оценување на уставноста на членовите означени во точката 1 од Законот за вршење на сметководствени работи.

Според наводите на подносителот на иницијативата во најголем дел одредбите од Законот за вршење на сметководствените работи биле во спротивност со одредбите од Уставот на Република Македонија.

Имено, со оспорениот закон е формиран Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, како професионално здружение на сметководители и овластени сметководители, со правен статус на здружение, но без јавен статус (член 2 точка 16).

Со пропишаните негови одредби од членовите 4 до 54 од Законот, на здружението му се даваат права и ингеренции, како да е државен орган или институција од јавен интерес, што е во целосна спротивност на Уставот на Република Македонија, односно на неговите одредби со член 8 алинеи 1, 3, 6, 7 и 11, член 20 став 2, член 32, член 50 став 2, член 51 став1, член 54 став 3 и член 55.

1. Со член 4 став 1 од Законот, е предвидено дека сметководителите на територијата на Република Македонија се организирале во Институт на сметководители и овластени сметководители.Ваквата одредба целосно е во спротивност со член 8 алинеи 1, 3, 6, 7 и 11 и член 54 став 3 од Уставот на Република Македонија.

2. Со одредбите на членовите од 5 до 13 од Законот се пропишани органите на здружението – институтот, со кои се предвидени права и ингеренции како да се работи за државен орган, а не за здружение, кои одредби се во целосна спротивност со член 20 став 2 и член 54 од Уставот на Република Македонија.

3. Во член 6 точка 2 од Законот, е наведено дека дека Институтот врши контрола на работењето на вршителите на сметководствени работи, трговците поединци – сметководители и трговци поединци – овластени сметководители и друштва за вршење на сметководствени работи. Ваквата одредба била спротивна на Законот за здруженија и фондации, бидејќи и институтот се води како здружение и спротивно на сите закони со кои се регулирани прашањата дека контрола можат да вршат само државните органи и институциите со јавни овластувања.

Исто така, во иницијативата е наведено дека со точката 8 на членот 6 од Законот, било наведено дека институтот организирал и спроведувал обука за континуирано професионално усовршување. Ова прашање било веќе уредено со членот 154 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005… 27/2016), според која:

„Работникот има право и должност на постојано образование, дошколување и оспособување во согласност со потребите на работниот процес, со цел на одржување, односно унапредување на способноста за работа на работното место, како и зачувување на работното место.

Работодавачот е должен да им обезбеди образование, дошколување и оспособување на работниците, ако тоа го бараат потребите на работниот процес или, ако со образованието, дошколувањето или оспособувањето може да се избегне откажување на договорот за вработување од лична или деловна причина. Во согласност со потребите на образованието, дошколувањето или оспособувањето на работниците работодавачот има право работникот да го упати на образование, дошколување или оспособување, а работникот има право и сам да се пријави.

Траењето на образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците, како и правата и обврските на договорните страни пред и по завршувањето на образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците се уредуваат со посебен договор или со колективен договор.

Работникот и работничкиот претставник имаат право на синдикално образование, согласно со колективен договор“.

4. Со одредбите на членовите од 14 до 18 од Законот, со кои бил пропишан начинот на стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител и континуирано професионално усовршување се ограничуваат правата на сметководствените работници, кои одредби се во спротивност со член 8 алинеи 1, 3, 6, 7 и 15, член 20 став 2, член 32, член 54 став 3 од Уставот на Република Македонија.

5. Во иницијативата, се цитира член 19 ставови 1 и 2 од Законот, во кои е предвидено:

Заради надградување на знаењето во областа на сметководството, сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.

Заради надградување на знаењето во областа на сметководството, овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година“.

Според подносителот и овие одредби се во спротивност на член 8 став 1 алинеи 1, 3, 6 и 7 и член 20 став 2 од Уставот на Република Македцонија.

6. Исто така во иницијативата се наведува дека оспорената одредба на член 19 став 3 од Законот, со кои се пропишува задолжителна обука, која обука се спроведува преку стручни организации, кои ги определувало здружението – Институтот биле во спротивност со членот 55 од Уставот, според која:

Се гарантирала слободата на пазарот и претприемништвото.

Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и презема мерки против монополската положба и монополското однесување.

Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувување на природната и животната средина или на здравјето на луѓето.

7. Со одредбите на член 19-а од Законот, е предвидено дека по завршувањето на обуката, сметководителите полагаат испит за проверка на знаењата. Ваквата одредба е спротивна на член 32 став 2 од Уставот. Нема ни акредитација, ниту било какво одобрение од надлежните државни органи, ако се има предвид дека институтот е здружение кое нема статус од јавен интерес.

8. Со членот 20 точките од 4 до 8 од Законот е пропишано дека:

„За вршење на сметководствени работи за свои потреби обврзникот за водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководителил со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи.

Трговец поединец-сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци и здруженија и фондации.

Трговец поединец-овластен сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци, здруженија и фондации и други непрофитни организации и друштва со ограничена одговорност.

Друштвото за вршење на сметководствени работи врши сметководствени работи за сите обврзници за водење на сметководство.

Друштвото за вршење на сметководствени работи мора да има вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител“.

9. Во иницијативата е наведено дека: со членот 23 од Законот пропишано е дека трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овлaстен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари во тековната година да му достават на Институтот список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во износот утврден во член 21 став 2 точка 5 од овој закон.Ваквата одредба е во спротивност со член 8,член 20 став 2 и член 32 став 2 од Уставот .

10. Во продолжение на иницијативата е наведено дека пропишаните дисциплински постапки во глава VI, Контрола на работењето; во глава VII, Надзор во глава VIII и Прекршочни одредби во Глава IX од Законот за вршење на сметководствени работи, биле во спротивност на член 8 став 1 алинеи 1, 3, 5 и 7, Амандманот 21, членот 20 став 2, членот 50 став 2, членот 51, членот 54 став 3 и членот 55 ставови 1, 2 и 3 од Уставот на Република Македонија.

11. Со последните измени и дополнувања во Законот, кои се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр.193/2017, повторно им се врати правото на трајно уверение што им го дал Министерот за финансии, на сметководителите и овластените сметководители кои во рок од 15 дена од влегувањето во сила на законот треба да се пријават во институтот и воедно се задолжуваат да обавуваат задолжителна обука за 2017 година,најмалку 10 часа.Па каква е таа логика дадено уверение од траен карактер ,а да се задолжат да обавуваат обуки тие лица кои се обучувале над 20, 30 и 40 години,кои се пообучени и стручно и практично поспособни од обучувачите.Тоа е само доказ дека во прашање е рекетирање на тие луѓе за собирање пари за инситутот и договорни обучувачи. Со ваквата изменета регулатива во Законот се повредени основните права на човекот предвидени со членот 8 и член 54 став 3 од Уставот на Република Македонија и другите уставни одредби.

Во понатамошниот дел од иницијативата е наведено дека со Законот за вршење на сметководствени работи, практично се врши финансиско оптеретување и приморување на сите сметководствени работници во Република Македонија. Исто така, за целото стопанство и непрофитните организации во Република Македонија се задолжуваат со енормно високи давачки, кои во многу голема мера негативно ќе влијаат на крајните финансиски резултати на истите, а со тоа ќе се остваруваат помали добивки, кои исто така ќе се одразат на штета на буџетот со намалување на приходот преку данокот на добивка, а наспроти тоа се во полза на здружението-институтот, кој со овој закон, по основ на монополска основа ќе остварува милионски суми за себе и неговите партнери.

Според подносителот противуставно е на едно обично здружение – институт да му се дадат толку големи и широки монополски права, без обврски, како да се работи за државен орган или државна институција со целосно монополско притивуставно право .

Здружението-институтот, според одредбата на членот 50 став 2 од Законот, се изедначува со органите на државната управа или соодветна институција од јавен интерес, што е во спротивност, како на Уставот, исто така и на сите закони пропишани со Уставот.

Со оспорениот закон, практично на сметководителите им се наметнува премногу противуставни непотребни нови задолженија, обврски и одговорности, покрај редовните кои произлегуваат од постојните прописи кои го регулираат материјално-финансиското работење, фискалното, даночното и монетарното работење и на крај целокупното сметководствено и материјално работење.

Не може да се замисли дека сметководители со стаж во книговодствената работа од 20, 30, па и 40 години и со завршено најмалку средно до магистерски науки да полагаат испит пред теоретичари со недоволно познавање на практичниот дел од книговодствената работа.

Се поставува прашањето, каде се стручњаците економисти и правници да го оценат и проценат овој закон кој претставува само непотребно финансиско оптеретување на штета на државата, стопанството и сметководствените работници.

Во поткрепа на наведеното, недозволиво цели пет месеци (X, XI и XII. 2017 година, I и II.2018 година), да се малтретираат сметководителите со некакви обуки и да им се наплатува учество по неколку пати за иста работа, место пропишани 10 и 20 часа годишно тие одржаа по 50 до 90 часа.

Само заради поширока информираност и да се знае дека во текот само на 2017 и дел од 2018 година ,здружението-институтот наплати од сметководителите и стопанството огромни суми на пари за обуки.

Самото здружение на сметководители јавно се произнесе преку јавните и пишани медиуми во средината на месец ноември 2017 година, дека откако е донесен овој закон нема и не сакаат да се вработуваат како сметководители од младата или било која друга популација.Тоа е доказ дека овој закон е премногу рестриктивен, штетен и непотребен.Посебно е важно да се укаже дека состојбата во тоа здружение е алармантна во меѓучовечките односи и истото е и со раководството и органите на управа.На крај се поставува прашањето каде е оправданоста на овој закон кога истиот е целосно штетен за државата, стопанството и сметководителите. Кадровската и сметководствената работа е во надлежност на самите трговски друштва ,како според Законот за трговски друштва, така и според Уставот и сите други прописи кои го регулираат сметководственото работење во стопанството и пошироко.Целосно е противуставно мешањето на државата во приватноста на сите трговски друштва во приватна сопственост.

Според подносителот, за непрофитните организации постои посебен Закон за сметководството за непрофитните организации во кои подетално се регулирани правата, обврските и одговорностите за смеководителите како и посебен Правилник за сметководство исто така за непрофитните организации, па каква е логиката да се пренесат такви законски прописи на некакво здружение од општ карактер, бидејќи не е од јавен интерес.

Затоа, подносителот предлага оспорениот Закон за вршење на сметководствените работи да се укине уште веднаш во целост како штетен за сите субјекти кои ги опфаќа истиот.

Со оспорените одредби од Законот повредени се членот 8 и членот 54 од Уставот на Република Македонија,поради што се предлага Судот да ги поништи како неуставни членовите од 4 до 54.

3. Судот на седницата утврди дека во Законот за вршење на сметководствени работи кој е оспорен во целина и оделни негови одредби е предвидено:

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој закон се уредуваат условите на вршење на сметководствени работи, субјектите кои вршат сметководствени работи, условите за стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител, организацијата и работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на сметководствени работи.

Дефиниции

Член 2

Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:

5. „Испит за проверка на знаење” е испит што го организира и спроведува Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија согласно одредбите од овој закон.
16. „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија“ е професионално здружение на сметководители и овластени сметководители основано согласно со овој закон;(оспорена точка)
17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување објавени во „Службен весник на Република Македонија“.
18. „МСФИ за МСС“ е Меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти објавени во „Службен весник на Република Македонија“;
19. „IFAC“ е Меѓународна федерација на сметководители и
20. „Континуирано професионално усовршување“ е постојано стручно усовршување со цел за надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.

Главата „II Институт на сметководители и овластени сметководители на Република на Македонија„ и членовите

Член 4

(1) Сметководителите и овластените сметководители на територијата на Република Македонија се организираат во Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (во натамошниот текст: Институтот). (2) Институтот има својство на правно лице. Статусот на правно лице го стекнува со упис во Регистарот на други правни лица кој се води кај Централниот регистар на Република Македонија. (3) Седиштето на Институтот е во Скопје. (4) Институтот формира подружници на територијален принцип за една или повеќе единици на локалната самоуправа. Подружниците немаат својство на правно лице. (5) Работите во врска со работењето на Институтот ги врши стручна служба на Институтот. Со стручната служба раководи секретар избран преку јавен оглас. (6) Институтот има Статут. Со Статутот на Институтот особено се уредува организацијата, управувањето, работењето, финансирањето и претставувањето на членовите во Собранието.

Член 5

(1) Органи на Институтот се Собрание, Надзорен одбор, Управен одбор и претседател.
(2) Заради вршење на работите од својот делокруг Институтот формира дисциплинска комисија, а може да формира и други постојани и времени комисии утврдени со Статутот на Институтот.(3) Членовите на органите и комисиите се избираат од редот на членовите на Институтот.

Член 6

(1) Институтот особено ги врши следниве работи: 1) води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на трговци поединци – сметководители, Регистар на трговци поединци – овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење на сметководствени работи; 2) врши контрола на работењето на вршителите на сметководствени работи, трговците поединци – сметководители и трговците поединци – овластени сметководители и друштвата за вршење на сметководствени работи; 3) организира и спроведува испит за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител. 4) издава уверение за сметководител и уверение за овластен сметководител; 5) издава и одзема лиценци за работа на трговците поединци – сметководители, трговците поединци – овластени сметководители и друштвата за вршење на сметководствени работи; 6) одлучува по барањата за одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство; 7) организира и спроведува испит одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство; 8) организира и спроведува обука за континуирано професионално усовршување; 9) ја следи примената на Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC; 10) ги преведува МСФИ и МСФИ за МСС; 11) соработува со други соодветни професионални тела во Република Македонија и во странство и 12) врши други работи утврдени со овој закон.

Член 7

(1) Собранието на Институтот го сочинуваат сите сметководители и овластени сметководители. Во Собранието сметководителите и овластените сметководители ги претставуваат избрани претставници од подружниците на Институтот.
(2) Собранието на Институтот: 1) го донесува Статутот на Институтот; 2) ја утврдува висината на членарините; 3) ја утврдува висината на надоместоците за издавање на лиценци за работа, 4) ја донесува програмата за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител. 5) ја донесува програмата за одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство; 6) ја утврдува висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител; 7) ја утврдува висината на надоместокот за издавање на уверение за сметководител, односно овластен сметководител; 8) ја утврдува висината на надоместокот за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство; 9) ги избира и отповикува претседателот и членовите на Надзорниот одбор и на комисиите; 10) ја донесува годишната програма за континуирано професионално усовршување; 11) го утврдува надоместокот за континуирано професионално усовршување; 11-а) го утврдува начинот на спроведување и полагање на испитот за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител; 11-б) ги утврдува критериумите за избор на правните и физичките лица со кои Институтот го спроведува континуираното професионално усовршување; 12) ја донесува годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец -овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи; 13) ја донесува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот; 14) ги усвојува годишната сметка и годишниот извештајот за работа на Институтот; 15) одлучува за формирање и престанок на подружниците на Институтот; 16) го донесува актот со кој се утврдува висината на платите за вработените во стручната служба и 17) одлучува за други прашања согласно со овој закон.
(3) Министерството за финансии дава согласност на актите од ставот (2) точки 1), 2), 4), 5), 10), 12), 13) и 14) на овој член.
(4) Институтот ги утврдува надоместоците од ставот (2) точки 3), 6), 7), 8) и 11) на овој член со тарифник врз основа на реално направените трошоци.
(5) Владата на Република Македонија дава согласност на тарифникот од ставот (4) на овој член.
(6) Собранието ги избира претседателот и членовите на Надзорниот одбор и на комисиите по пат на јавен оглас и по претходно добиено позитивно мислење од министерот за финансии.
(7) Во случај на отповикување на претседателот и членовите на Надзорниот одбор Собранието, по можност веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на отповикувањето, избира нов претседател и нови членови на Надзорниот одбор.
(8) Актите на Собранието се објавуваат на интернет страницата на Институтот наредниот ден од денот на усвојувањето, односно донесувањето. (9) Работата на Собранието се уредува со деловник за работа.

Член 8

Собранието на Институтот редовно се состанува еднаш годишно и тоа најдоцна до 31 март. Седниците на Собранието се одржуваат доколку присуствуваат најмалку половина од вкупниот број избрани претставници од подружниците на Институтот. Одлуките Собранието ги носи со просто мнозинство од присутниот број членови на седницата. (2) Седниците на Собранието ги свикува претседателот на Институтот врз основа на одлука на Управниот одбор или на писмено барање на најмалку една половина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот. (3) Претседателот на Институтот ќе свика седница на Собранието во рок од 30 дена од денот на донесувањето на одлуката на Управниот одбор, односно од поднесеното писмено барање на избраните претставници од подружниците на Собранието. (4) Доколку претседателот на Институтот не свика седница на Собранието во рокот утврден во ставот (3) на овој член, седницата ќе ја свика претседателот на Надзорниот одбор во рок од седум дена по истекот на рокот од ставот (3) на овој член. (5) Доколку претседателот на Надзорниот одбор не свика седница на Собранието во рокот од ставот (4) на овој член, седницата ќе ја свика министерот за финансии. Седницата ја води работно претседателство од три члена избрани од присутните членови на седницата на Собранието.

Член 9

(1) Надзорниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од три години. (2) Членовите на Надзорниот одбор не можат да бидат членови на други органи и комисии на Институтот. (3) Седниците на Надзорниот одбор ги свикува и со нив претседава претседателот на Надзорниот одбор. (4) Доколку претседателот на Надзорниот одбор од кои било причини не е во можност да ја врши функцијата или е отсутен, со состаноците на Надзорниот одбор претседава член на Надзорниот одбор избран со мнозинство гласови на присутните членови на Надзорниот одбор. (5) Надзорниот одбор одлуките ги донесува со јавно гласање и со мнозинство гласови од присутните членови. (6) Надзорниот одбор на Институтот: 1) врши периодични контроли на материјалното и финансиското работење на Институтот; 2) ги избира и отповикува претседателот и членовите на Управниот одбор по претходно позитивно мислење од министерот за финансии; 3) ја разгледува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот и дава мислење по истата до Собранието; 4) ја разгледува годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот и дава мислење по истата до Собранието; 5) го одобрува деловникот за работа на Управниот одбор; 6) ги разгледува извештаите за работењето на Управниот одбор; 7) врши контрола над работењето на Институтот согласно со закон, Статутот и другите акти на Институтот; 8) предлага мерки кои треба да бидат преземени за спроведување и отстранување на неправилностите и незаконитостите во работата на Институтот; 9) поднесува извештај за своето работење до Собранието на Институтот и до министерот за финансии заради нивно информирање и 10) врши други работи согласно со овој закон. (7) Во случај на отповикување на претседателот и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор, по можност веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на отповикувањето, избира нов претседател и нови членови на Управниот одбор.

Член 10

Со Институтот управува Управен одбор. (2) Управниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од пет години. (3) Управниот одбор на Институтот: 1) ги подготвува и предлага годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот; 2) ги подготвува годишната сметка и годишниот извештај за работењето на Институтот; 3) ја предлага висината на членарините; 4) ја предлага висината на надоместокот за издавање на лиценци за работа; 5) ја предлага висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење на сметководител, односно овластен сметководител; 6) ја предлага висината на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител без полагање испит; 7) ја предлага висината на надоместокот за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство согласно со членот 16 од овој закон; 8) одлучува за упис и бришење на членовите во регистрите на Институтот 9) ја предлага годишната програма за континуирано професионално усовршување; 10) ја предлага годишната програма за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи; 11) ја предлага програмата за полагање на испит за проверка на знаењето на сметководител, односно овластен сметководител;12) ја предлага програмата за одобрување на квалификација за сметководител, односно овластен сметководител стекната во странство; 13) ги разгледува извештаите од извршената контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи и покренува дисциплинска постапка или поднесува барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд; 14) издава и одзема лиценци за работа;15) ги предлага членовите на комисиите; 16) го предлага актот со кој се утврдува висината на платите за вработените во стручната служба на Институтот; 17) одлучува за прием на донации; 18) се грижи за наплата на членарините; 19) ги извршува одлуките на Собранието на Институтот; 20) го донесува етичкиот кодекс на Институтот; 21) дава предлози и соработува со надлежните институции во врска со прописите од областа на сметководството и 22) врши други работи согласно со овој закон. (4) Седница на Управниот одбор свикува и со неа раководи претседателот на Управниот одбор. Седница на Управниот одбор може да се свика и на барање на мнозинство од вкупниот број членови на Управниот одбор. (5) За полноважност на одлуките на Управниот одбор е потребно на седницата да присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Управниот одбор. Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Управниот одбор.(6) Во случај на спреченост на претседателот неговите должности ги врши најстариот член на Управниот одбор.(7) Одлуките на Управниот одбор се објавуваат на интернет страницата на Институтот. (8) Управниот одбор еднаш годишно до Надзорниот одбор поднесува извештај за своето работење.

Член 11

(1) Претседателот на Институтот истовремено е и претседател на Управниот одбор. (2) Претседателот на Институтот: 1) го претставува и застапува Институтот; 2) се грижи Институтот да работи согласно со закон; 3) ги спроведува одлуките на Собранието на Институтот; 4) потпишува налози за исплата од сметката на Институтот; 5) одлучува по приговори по изречени мерки во дисциплинска постапка; 6) ја извршува одлуката донесена во дисциплинска постапка и 7) врши други работи предвидени со овој закон.(3) За претседател на Институтот може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови да:1) има звање властен сметководител;2) има најмалку пет години работно искуство во вршење на сметководствени работи и 3) е државјанин на Република Македонија. (4) Мандатот на претседателот е пет години.(5) Предлог за отповикување на претседателот на Институтот до Надзорнио одбор поднесува најмалку половина од членовите на Управниот одбор или половина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот.

Член 12

Регистарот на сметководителите, Регистарот на овластените сметководители, Регистарот на трговците поединци – сметководители, Регистарот на трговците поединци – овластени сметководители и Регистарот на друштвата за вршење на сметководствени работи се чуваат трајно, а документите во врска со работењето на Институтот се чуваат десет години.

Член 13

Институтот средствата за финансирање на своето работење ги обезбедува од следниве извори:1) годишни членарини од вршители на сметководствени работи;2) надоместоци за издавање на лиценци за работа;3) надоместоци за полагање испит за проверка на знаењето сметководител и овластен етководител; 4) надоместоци за издавање уверенија за сметководител, односно овластен сметководител; 5) надоместоци за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство;6) надоместоци од спроведување на континуираното професионално усовршување; 7) приходи од продажба на стручни публикации; 8) донации и 9)наплатени парични казни за изречени дисциплински мерки. (2) Надоместоците од ставот (1) точки 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член ќе се утврдат согласно со реално направените трошоци за печатење и издавање на лиценците за работа, уверенијата за сметководител и овластен сметководител, за_организирање на полагањето на испит за проверка на знаењето на сметководител и овластен сметководител и за организирање на континуираното професионално усовршување. (3) Институтот обезбедените средства од ставот (1) на овој член ги користи согласно со годишниот финансиски план. (4) Нереализираните средства од годишниот финансиски план за тековната години се пренесуваат во годишниот финансиски план за наредната година.

III. НАЧИН НА СТЕКНУВАЊЕ СО СТАТУС НА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ И КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ

Член 14

Со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое ги исполнило условите од членовите 15 и 16 од овој закон и се стекнало со трајно уверение за сметководител, односно овластен сметководител од Институтот.

Член 15

(1) Лицето кое сака да се стекне со статус на сметководител или овластен сметководител до Институтот поднесува писмено барање за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител. (2) Кон барањето за стекнување уверение за сметководител задолжително се доставува: 1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството, или 2) доказ (уверение) за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството, или 3) (доказ) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една години од областа на сметководството и 4) доказ за уплата на надоместокот за добивање трајно уверение за сметководител. (3) Кон барањето за стекнување уверение за овластен сметководител задолжително се доставува: 1) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС); 2) потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството. 3) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител. (4) Документите од ставовите (2) и (3) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар. (5) На лицето кое ги исполнува условите од ставот (2), односно ставот 3 од овој член, Институтот му издава уверение за сметководител, односно за овластен сметководител во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето. (6) Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член, како и формата и содржината на уверението за сметководител, односно овластен сметководител ги пропишува министерот за финансии.

Член 16

(1) Лице кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител на начин и услови утврдени со овој закон. (2) Лицето од ставот (1) на овој член за стекнување на статус овластен сметководител до Институтот е должно да достави барање и:
1) лиценца за овластен ревизор во оригинал или копија заверена на нотар и 2) доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител. (3) Институтот на лицето од ставот (1) на овој член му издава уверение за овластен сметководител во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето. (4) Овластениот ревизор кој стекнал уверение за овластен сметководител не може кај едно правно лице истовремено да врши работи на овластен сметководител и на овластен ревизор.

Член 17

(1) Сметководствени работи во Република Македонија може да врши и лице државјанин на Република Македонија кое има стекнато квалификација за сметководител, односно овластен сметководител во странство, доколку: 1) професионалната квалификација стекната во странство е соодветна на професионалната квалификација стекната согласно со овој закон и 2) успешно го положи испитот спроведен од Институтот со кој се обезбедува дека има адекватно знаење од областа на законската регулатива во Република Македонија релевантна за вршење на сметководствени работи. (2) Лицето од ставот (1) на овој член барањето и потребната документација за стекнување со статус на сметководител, односно овластен сметководител ги доставува до Институтот, а ги одобрува Управниот одбор на Институтот. (3) Кон барањето од ставот 2 на овој член се приложуваат следниве документи:
1) диплома за завршено образование;2) документ издаден од надлежен орган за професионалната квалификација на лицето и 3) доказ за уплатен надоместок за полагање на испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство. (4) Документите од ставот (3) на овој член лицето ги доставува во оригинал или копија заверена на нотар, односно во нотарски заверен превод. (5) Институтот во случај на неуредно или нецелосно доставено барање има обврска во рок од пет дена по приемот на барањето да го извести лицето за неуредноста или нецелосноста на барањето, а по потреба може да побара и дополнителни докази. (6) Во текот на постапката Институтот може да побара мислење од надлежната комора или друг професионален орган или организација во државата во која ја стекнал професионалната квалификација во врска со поднесеното барање. (7) Мислењето добиено од комората или друг професионален орган или организација не е задолжително за Институтот. (8) Доколку барањето на лицето е уредно и целосно и доколку лицето ги исполни условите од ставот (1) на овој член Институтот му издава уверение за сметководител или овластен сметководител и го запишува во соодветниот регистар.

Член 18

(1) Лицето кое добило уверение за сметководител, односно овластен сметководител стекнува право за вршење на сметководствени работи со уписот во Регистарот на сметководители, односно Регистарот на овластени сметководители. (2) Уписот во регистрите од ставот (1) на овој член го врши Институтот врз основа на барање поднесено на пропишан образец кон кое задолжително се приложуваат следниве документи: 1) уверение за сметководител, односно овластен сметководител во копија;2) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не му е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, во оригинал или копија заверена на нотар и 3) доказ за уплата на членарина. (3) Документот од ставот (2) точка 1) на овој член се обезбедува од евиденцијата на Институтот. (4) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за упис во регистрите од ставот (1) на овој член е должно документот од ставот (2) точка 2) на овој член по службена должност да го побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. (5) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого е побаран документот е должно истиот да го достави до Институтот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член. (6) Институтот е должен да го изврши уписот во регистарот од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето. (7) Формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии. (8) Лицето од ставот (1) на овој член барањето за упис во регистарот го поднесува во рок од 60 дена од денот на стекнувањето на уверението за сметководител, односно овластен сметководител, во спротивност истото го губи правото на упис во регистарот.

Член 19

(1) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството, сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 60 часа за период од три години, при што најмалку 10 часа во текот на една година. (2) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството, овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година. (3) Обуката од ставовите (1) и (2) на овој член ја организира и спроведува Институтот во соработка со други правни лица кои спроведуваат стручно усовршување и едукација од областа на сметководството, финансиите или даноците и физички лица со соодветни квалификации од наведените области. (4) Поблиските критериуми за избор на правните и физичките лица од ставот (3) на овој член ги утврдува Собранието на Институтот.

Член 19-а

(1) По завршување на обуките од членот 19 ставови (1) и (2) од овој закон,сметководителот, односно овластениот сметководител полага испит за проверка на знаењето.(2) Испитот од ставот (1) на овој член го организира Институтот најмалку еднаш годишно, а го спроведува Комисија за спроведување на испитот составена од: 1) две лица предложени од министерот за финансии, 2) еден универзитетски професор од областа на економијата или бизнисот избран од Институтот по пат на јавен оглас и 3) претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот. (3) Испитот се полага писмено во форма на тест со испитни прашања и вежби (примери на случај) подготвени врз основа на градивото од обуката за континуирано професионално совршување. Секое прашање и вежба носи одреден број поени. (4) Комисијата од ставот 2 на овој член ги подготвуваат испитните прашања и вежби, ги утврдуваат поените и ги оценуваат тестовите. (5) Испитот се смета за положен доколку се постигнат 70% од можните поени. (6) Начинот на спроведување и полагање на испитот поблиску го пропишува Собранието на Институтот.

IV. ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Член 20

(1) Сметководствени работи врши сметководител и/или овластен сметководител кој добил уверение од Институтот и е регистриран во соодветниот регистар наИнститутот. (2) Сметководителот води трговски/деловни книги за сите обврзници за водење на сметководство и составува и потпишува годишна сметка за трговци поединци и здруженија и фондации. (3) Овластениот сметководител води трговски/деловни книги и/или составува и потпишува годишна сметка и/или финансиски извештаи за сите обврзници за водење на сметководство.(4) За вршење на сметководствени работи за свои потреби обврзникот за водење на сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител или со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи.(5) Трговец поединец – сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци и здруженија и фондации. (6) Трговец поединец – овластен сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци, здруженија и фондации и други непрофитни организации и друштва со ограничена одговорност. (7) Друштво за вршење на сметководствени работи врши сметководствени работи за сите обврзници за водење на сметководство. (8) Друштвото за вршење на сметководствени работи мора да има вработено најмалку еден сметководител и еден овластен сметководител.

Член 21

(1) Трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи може да врши сметководствени работи по добивање на лиценца за работа од Институтот и запишување во соодветниот регистар. (2) За добивање лиценца за работа субјектите од ставот (1) на овој член до Институтот поднесуваат барање на пропишан образец. Кон барањето задолжително се приложуваат следните документи: 1) решение за упис во Трговскиот регистар кај Централниот регистар на Република Македонија; 2) список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот; 3) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење на одделна дејност; 4) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот регистар на Република Македонија; 5) доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени работи), и тоа за: Службен весник на Република Македонија – трговец поединец – сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан, – трговец поединец – овластен сметководител на износ од минимум 5.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и – друштво за вршење на сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и 6) доказ за уплатен надоместок за издавање лиценца за работа. (3) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за издавање на лиценца за работа на трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи е должно документите од ставот 2 точки 1), 3) и 4) на овој член по службена должност да ги побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. (4) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого се побарани документите е должно истите да ги достави до Институтот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член. (5) Документите од ставот (2) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар. (6) Институтот е должен да издаде лиценца во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето. (7) Институтот 086 о со решение го одбива барањето за издавање лиценца, доколку барањето е некомплетно или не се исполнети условите од ставот (2) на овој член и членот 20 став (8) од овој закон. Решението со кое се одбива барањето мора да биде образложено. (8) Против решението од ставот (7) на овој член трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. (9) Формата и содржината на лиценцата за работа од ставот (1) на овој член и на барањето од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии.

Член 22

(1) Упис во Регистарот на трговци поединци – сметководители, Регистарот на трговци поединци – овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи врши Институтот врз основа на барање на пропишан образец. (2) Институтот е должен да го изврши уписот во соодветниот регистар од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето. (3) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за финансии.

Член 23

Трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари во тековната година да му достават на Институтот список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со Службен весник на Република Македонија регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар кај Институтот и доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во износот утврден во членот 21 став (2) точка 5 од овој закон.

Член 24

(1) Институтот со решение ја одзема лиценцата на трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи, ако: 1) лиценцата е издадена врз основа на неточни податоци; 2) повеќе не се исполнети условите врз основа на кои е издадена лиценцата; 3) е покрената стечајна постапка или се спроведува ликвидација на друштвото и 4) трајно се избрише од соодветниот регистар. (2) Против решението од ставот (1) на овој член трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

Член 25

(1) За вршење на сметководствени работи се склучува договор во писмена форма со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски меѓу обврзникот за водење на сметководство и трговецот поединец, односно друштвото за вршење на сметководствени работи. (2) Трговецот поединец, односно друштвото за вршење на сметководствени работи не смее договорените работи да ги отстапи на друг трговец поединец, односно друштво за вршење на сметководствени работи.

Член 26

Сметководителот, односно овластениот сметководител е должен да ја чува класифицираната информација со соодветен степен на тајност која ја дознал во текот на вршењето на сметководствените работи согласно со Законот за класифицирани информации, како и да ги заштити личните податоци кои ги дознал во текот на вршењето на сметководствените работи согласно со Законот за заштита на личните податоци.

Член 27

Сметководствени работи може да врши и странско физичко или правно лице од државите членки на Европската Унија кое ги исполнува условите за вршење на сметководствени работи во земјата во која е регистрирано.

Член 28

(1) Сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител, односно друштвото за вршење на сметководствени работи се независни и самостојни во вршењето на сметководствените работи. (2) Сметководствени работи не може да врши: 1) сметководител, односно овластен сметководител кој е со над 2% од акциите со право на глас, односно влоговите кај обврзникот за водење на сметководство и 2) трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководител, односно друштво за вршење на сметководствени работи кој е акционер или вложувач со над 2% од акциите со право на глас, односно влоговите кај обврзникот за водење на сметководство.

V. РЕГИСТРИ

Член 29

(1) Институтот води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители, Регистар на трговци поединци – сметководители, Регистар на трговци поединци – овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење на сметководствени работи согласно со Законот за општата управна постапка. (2) Регистарот на сметководители и Регистарот на овластени сметководители, особено ги содржи следниве податоци: 1) име и презиме и регистарски број на сметководителот, односно овластениот сметководител; 2) датум на упис во регистарот; 3) назив, седиште и контакт податоци на правниот субјект каде што е вработен сметководителот, односно овластениот сметководител и 4) изречени дисциплински мерки. (3) Регистарот на трговци поединци – сметководители, Регистарот на трговци поединци – овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи, особено ги содржи следниве податоци: 1) назив, седиште, контакт податоци и регистарски број на трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи; 2) датум на упис во регистарот и 3) изречени дисциплински мерки. (4) Сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се должни да го известат Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во регистарот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената. (5) Институтот податоците од регистрите од ставот (1) на овој член ги објавува на својата веб страница и истите континуирано ги ажурира.

Член 30

(1) Сметководителот, односно овластениот сметководител се брише од соодветниот регистар: 1) на сопствено барање; 2) доколку при уписот во регистарот дал невистините податоци; 3) доколку лицето не го положи испитот за проверка на знаење од членот 19-а; 4) доколку не ја плати годишната членарина: 5) Точката е укината, 6) доколку му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на професија или дејност;7) ако му е одземена деловната способност и 8) во случај на смрт на сметководителот, односно овластениот сметководител. (2) Со бришење од регистарот сметководителот, односно овластениот сметководител го губи правото за вршење на сметководствени работи, и тоа: 1) трајно во случаите од ставот (1) точки 1, 2 и 7 на овој член; 2) за период од три години во случаите од ставот (1) точки 3 и 4 на овој член и 3) за периодот додека траат правните последици на судската пресуда односно додека трае забраната во случајот од ставот (1) точки 5 и 6 на овој член. (3) Одредбите од ставовите (1) точки 3 и 4 и (2) точка 2 на овој член нема да се применуваат доколку сметководителот или овластениот сметководител биде избран или именуван на јавна функција за периодот додека му трае мандатот. (4) За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор на Институтот донесува решение кое треба да биде образложено. (5) Против решението од ставот (4) на овој член сметководителот, односно овластениот сметководител може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

Член 31

(1) Трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се брише од соодветниот регистар: 1) на сопствено барање; 2) со одземање на лиценцата за работа и 3) доколку е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија или дејност. (2) Со бришење од регистарот трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи го губат правото за вршење на сметководствени работи, и тоа: однос на работењето на Институтот и се даваат препораки и рокови за нивно отстранување. (3) Доколку во рокот определен во записникот од ставот (2) на овој член не се отстранат утврдените неправилности и/или незаконитостите и/или не се постапи во согласност со членот 9 став (6) точки 1, 2, 7 и 9 од овој закон, министерот за финансии дава предлог за отповикување на претседателот и членовите на Надзорниот одбор до Собранието на Институтот. (4) Доколку во рокот определен во записникот од ставот (2) на овој член не се отстранат утврдените неправилности и/или незаконитостите и/или не се 1) трајно во случаите од ставот (1) точки 1 и 2 на овој член и 2) за периодот додека трае забраната во случајот од ставот (1) точка 3 на овој член. (3) За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор донесува решение кое треба да биде образложено. (4) Против решението од ставот (3) на овој член трговецот поединец -сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. (5) За бришење на трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи од соодветниот регистар Управниот одбор по службена должност го известува Централниот регистар на Република Македонија.

VI. ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

Член 32

Дисциплинска постапка води дисциплинска комисија.(2) Дисциплинската комисија е составена од пет члена со мандат од две години.(3) Дисциплинска постапка против вршител на сметководствени работи се поведува на барање на Управниот одбор или по поднесена пријава од член на Институтот, освен од членовите на дисциплинската комисија, државен орган, правниот субјект каде што е вработен сметководителот, односно овластениот сметководител, како и други физички и правни лица за кои сметководителот, односно овластениот сметководител вршел сметководствени работи. (4)За сторена дисциплинска повреда на вршител на сметководствени работи дисциплинската комисија може да му ги изрече следниве дисциплински мерки: 1) јавна опомена; 2) парична казна; 3) времено бришење од соодветниот регистар на Институтот и 4) трајно бришење од соодветниот регистар на Институтот.

Член 33

Дисциплинската мерка јавна опомена ќе му се изрече на сметководител, односно овластен сметководител, ако: 1) не ги чува на соодветен и правилен начин трговските/деловните книги и останатата сметководствена документација утврдена со закон; 2) не присуствува на седниците на органите на подружницата на Институтот и/или на седниците на органите на Институтот без писмено оправдание или претходна најава; 3) со своето однесување го нарушува угледот на сметководствената професија и 4) одбива или несовесно ги исполнува обврските определени со Статутот и актите на Институтот.

Член 34

Дисциплинската мерка парична казна во висина на една просечна месечна нето плата исплатена по вработен во Република Македонија за месецот во кој е изречена дисциплинската мерка, ќе му се изрече на сметководителот, односно овластениот сметководител кој ќе ја повтори повредата за која претходно му била изречена дисциплинска мерка јавна опомена.

Член 35

Дисциплинската мерка времено бришење од соодветниот регистар во траење од три години ќе му се изрече на сметководител, односно овластен сметководител, ако:
1) не ја почитува обврската за континуирано професионално усовршување во согласност со овој закон;
2) не го извести Институтот за сите промени во врска со податоците содржани во соодветниот регистар во согласност со овој закон и
3) предизвика материјална штета на субјектот каде што е вработен при вршењето на сметководствените работи.

Член 36

Дисциплинската мерка трајно бришење од соодветниот регистар ќе му се изрече на сметководител, односно овластен сметководител за: 1) повреда на пропис за водење сметководство со што сериозно се загрозува објективноста на трговските/деловните книги кои ги води, односно на годишната сметка и/или финансиските извештаи; 4) одавање класифицирана информација со степен на тајност определена согласно со закон; 5) одбивање да даде податоци на државни органи, правни лица и на граѓани, доколку давањето на податоците е пропишано со закон и 6) давање неточни податоци на државни органи, правни лица и на граѓани, доколку давањето на податоците е пропишано со закон.

Член 37

(1) Доколку во водење на дисциплинската постапка, дисциплинската комисија стекне сознанија дека е извршено кривично дело за дејствијата за кои се води постапката, ќе ја прекине постапката и ќе поднесе пријава до надлежниот орган за постапување. (2) Доколку во водење на дисциплинската постапка дисциплинската комисија стекне сознанија за корупција на вршител на сметководствени работи, ќе ја прекине постапката и ќе поднесе пријава до надлежниот орган за постапување.

Член 38

(1) Против одлуката на дисциплинската комисија со која се изрекува дисциплинска мерка, вршителот на сметководствени работи има право на приговор до претседателот на Институтот во рок од десет дена од денот на доставувањето на одлуката. (2) Претседателот на Институтот е должен да одговори по приговорот од ставот (1) на овој член во рок од пет дена од денот на поднесувањето на приговорот.

Член 39

Одлуката донесена во дисциплинска постапка ја извршува претседателот на Институтот и истата се објавува на веб страницата на Институтот и се запишува во соодветниот регистар на Институтот. (2) Дисциплинската мерка од членот 32 став (4) точка 1 од овој закон се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на една година од нејзиниот упис. (3) Дисциплинската мерка од членот 32 став (4) точка 2 од овој закон се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на две години од нејзиниот упис. (4) Дисциплинската мерка од членот 32 став (4) точка 3 од овој закон се брише од соодветниот регистар на Институтот по истекот на три години од нејзиниот упис.

VII. КОНТРОЛА НА РАБОТЕЊЕТО

Член 41

(1) Контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи,трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи (во натамошниот текст: субјекти на контрола) врши Институтот.(2) Контролата од ставот (1) на овој член опфаќа проверка на:1) усогласеноста на работењето со одредбите на овој закон и законите и подзаконските прописи со кои се регулира водењето на сметководството и 2) усогласеноста на нивното работење со актите на Институтот за исполнувањена барањата на Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC.(3) Контролата се врши согласно со годишната програма на Институтот за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи или на барање на заинтересирани страни.(4) Контролата од ставот (1) на овој член се спроведува на објективен и независен начин и со постапка која исклучува судир на интереси меѓу лицето кое спроведува контролата и субјектот на контрола. (5) Контролата од ставот (1) на овој член ја вршат овластени сметководители вработени во стручната служба на Институтот со најмалку пет години работно искуство во вршењето на сметководствени работи. (6) Лицето одговорно за контрола составува извештај за извршената контролаво кој ги наведува своето мислење, утврдените неправилности и незаконитости, препораките за корективни дејства и рокот за отстранување на утврдените неправилности и незаконитости. (7) Извештајот од ставот (6) на овој член се доставува до субјектот на контрола кој има право на приговор во рок од пет дена од денот на приемот на извештајот.Управниот одбор одлучува по приговорот во рок од пет дена од денот на приемот. (8) Субјектот на контрола е должен во рокот определен во извештајот од ставот (6) на овој член да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитостите и до Институтот да поднесе извештај во кој ќе ги опише преземените мерки и ќе приложи документи и докази за отстранување на неправилностите и незаконитостите. (9) По истекот на роковите од ставот (7) на овој член извештајот за извршената контрола се објавува на веб – страницата на Институтот.

Член 41

Врз основа на извештајот од спроведената контрола од членот 40 од овој закон, Управниот одбор на Институтот ги презема следниве мерки:1) покренува дисциплинска постапка против сметководителот и/илиовластениот сметководител и 2) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.

VIII. НАДЗОР

Член 42

Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон врши Министерството за финансии.

Член 43

(1) Надзор над работењето на Институтот врши Министерството за финансии. (2) За спроведениот надзор од ставот (1) на овој член се составува записник во кој се наведуваат констатираните неправилности и/или незаконитости во постапи во согласност со членот 10 став (3) точки 10, 11, 12, 13 и 19 од овој закон, министерот за финансии дава предлог за отповикување на претседателот и членовите на Управниот одбор до Надзорниот одбор.

IX. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 44

Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на сметководителот, односно овластениот сметководител, ако:1) ја прекрши обврската за заштита на тајноста на податоците (член 26);2) врши сметководствени работи спротивно на членот 28 став (2) точка 1 од овој закон; 3) не го извести Институтот во согласност со членот 29 став (4) од овој закон и 4) не ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости во согласност со членот 40 став (8) од овој закон.

Член 45

(1) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи, ако: 1) врши сметководствени работи во спротивност на членот 20 ставови (5), (6) и (7) од овој закон; 2) не го исполнува условот од членот 20 став (8) од овој закон, односно доколку сметководствените работи ги вршат лица кои не се сметководители и/или овластени сметководители; 3) не постапи во согласност со членот 23 од овој закон; 4) не склучи договор согласно со членот 25 став (1) од овој закон; 5) вршењето на сметководствени работи го отстапи на друг трговец поединец, односно друштво за вршење на сметководствени работи (член 25 став (2)); 6) ја прекрши обврската за заштита на тајноста на податоците (член 26); 7) врши сметководствени работи кај обврзник за водење на сметководство во спротивност на членот 28 став (2) точка 2 од овој закон; 8) не го извести Институтот во согласност со одредбата од членот 29 став (4) од овој закон и 9) не ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости во согласност со членот 40 став (8) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за трговецот – поединец сметководител, односно трговецот – поединец овластен сметководител, односно друштвото за вршење сметководствени работи ќе му се изрече на одговорното лице во трговецот- поединец сметководител, односно трговецот – поединец овластен сметководител, односно друштвото за вршење сметководствени работи за прекршоците од ставот (1) на овој член.

Член 46

(1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на Институтот, ако: 1) не побара согласност од Министерството за финансии во согласност со членот 7 став (3) од овој закон; 2) не ги објави актите на Собранието на начин пропишан со членот 7 став (8) од овој закон; 3) не го изврши уписот во регистарот согласно со членот 18 став (6) од овој закон; 4) не издаде лиценца согласно со членот 21 став (6) од овој закон; 5) не го изврши уписот во регистарот согласно со членот 22 став (2) од овој закон и 6) не ги отстрани утврдените неправилности и/или незаконитости согласно со член 43 ставови (3) и (4) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на претседателот на Институтот за прекршоците од ставот (1) на овој член.

Член 46-ѓ

(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице ако во рокот утврден во членовите 18 став (4) и 21 став (3) од овој закон не ги побара потребните документи.
(2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице во Централниот регистар на Република Македонија ако во рокот утврден во членовите 18 став (5) и 21 став (4) од овој закон не ги достави бараните документи.

Член 47

За прекршоците утврдени во членовите 44, 45, 46, и 46-ѓ од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Член 47-а

Одмерувањето на висината на глобата за правно лице, односно за трговец- поединец се врши согласно со Законот за прекршоците.

X. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 48

(1) Лицето кое до влегувањето во сила на овој закон вршело сметководствени работи може да поднесе барање за добивање уверение за сметководител во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, ако има: 1) средно образование и најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 2) вишо образование (прв степен) и најмалку две години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 3) високо образование и најмалку една година работно искуство во вршење на сметководствени работи. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член задолжително се доставува: 1) доказ (уверение) за завршено образование; 2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж; 3) потврда од работодавач за работно искуство во вршење на сметководствени работи и 4) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за сметководител.

Член 49

(1) Лицето кое до влегувањето во сила на овој закон вршело сметководствени работи може да поднесе барање за добивање уверение за овластен сметководител во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, ако има: 1) средно образование и најмалку десет години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 2) вишо образование (прв степен) и најмалку осум години работно искуство во вршење на сметководствени работи или 3) високо образование и најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи. (2) Кон барањето од ставот (1) на овој член задолжително се доставува: 1) уверение за завршено образование; 2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж; 3) потврда од работодавач за работно искуство во вршење на сметководствени работи и 4) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение за овластен сметководител. (3) Лицата од ставот (1) на овој член и членот 48 став (1) од овој закон имаат право да полагаат испит за овластен сметководител, односно сметководител доколку поднесат барање во рокот на важноста на уверението од членот 50 став (3) од овој закон, во спротивно, доколку немаат соодветно образование согласно со членот 15 ставови (2) и (3) од овој закон го губат правото за полагање на испит за овластен сметководител, односно сметководител. (4) Кон барањето за полагање на испитот од членот 15 ставови (2) и (3) од овој закон, лицата од ставот (3) на овој член до Институтот поднесуваат само уверение за овластен сметководител, односно сметководител издадено од Министерството за финансии и доказ за уплата на надоместокот за полагање на испитот.

Член 50

(1) Барањата од членовите 48 и 49 од овој закон се поднесуваат до Министерството за финансии. (2) Министерството за финансии уверенијата од членовите 48 став (1) и 49 став (1) од овој закон ги издава во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето од ставот (1) на овој член. (3) Уверенијата од членовите 48 став (1) и 49 став (1) од овој закон се со важност од 48 месеци од денот на издавањето. (4) По исклучок од ставот (3) на овој член, на лицата со над 25 години работно искуство во вршење на сметководствени работи Министерството за финансии им издава уверение со трајна важност (5) По истекот на рокот од ставот (3) на овој член лицето кое добило уверение за сметководител или овластен сметководител согласно со членот 48, односно членот 49 од овој закон нема право да врши сметководствени работи доколку не го положи испитот за сметководител или овластен сметководител согласно со овој закон. (6) Министерството за финансии води евиденција за издадените уверенија од членовите 48 став (1) и 49 став (1) од овој закон, која особено содржи податоци за: 1) бројот на издаденото уверение; 2) датумот на издавање на уверението; 3) датумот на истек на важноста на уверението; 4) видот на уверението; 5) лични податоци на подносителот на барањето; 6) образование на подносителот на барањето и 7) работно искуство на подносителот на барањето.

Член 51

(1) До основање на Институтот подготвителните работи во врска со започнување на неговата работа ќе ги врши комисија формирана од министерот за финансии. (2) Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од претседател и десет члена. Претседателот и пет члена се од Министерството за финансии, а пет члена се од лицата на кои министерот за финансии им издал уверение за овластен сметководител. (3) Комисијата од ставот (1) на овој член ги подготвува актите за основачкото собрание на Институтот. (4) Основачкото собрание на Институтот на кое ќе се изберат органите и ќе се одобрат сите акти на Институтот ќе се одржи во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (5) Основачкото собрание на Институтот го свикува министерот за финансии и со него раководи претседателот на комисијата од ставот (1) на овој член.

Член 53

(1) Регистарот на сметководители, Регистарот на овластени сметководители, Регистарот на трговци поединци – сметководители, Регистарот на трговци поединци – овластени сметководители и Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи ќе се воспостават во рок од четири месеци од изборот на Управниот одбор на Институтот. (2) Вршителите на сметководствени работи кои добиле уверение од министерот за финансии се должни да поднесат барање за запишување во соодветниот регистар во рок 15 дена од денот на воспоставувањето на регистрите. (3) Постојните правни лица кои се регистрирани за вршење на сметководствени работи се должни да се усогласат со одредбите од овој закон и да поднесат барање за запишување во соодветниот регистар во рок од шест месеци од денот на изборот на Управниот одбор на Институтот.

Член 54

Првиот испит за стекнување на уверение за сметководител, односно овластен сметководител ќе се спроведе во рок девет месеци од денот на изборот на Управниот одбор на Институтот.

Член 55

Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

4. Според член 8 став 1 алинеи 1, 3, 6, 7 и 8 од Уставот на Република Македонија основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право утврдени со Уставот; владеењето на правото; правната заштита на сопственоста; слободата на пазарот и претприемништвото, како и хуманизмот, социјалната правда и солидарноста се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Сo членот 20 од Уставот на граѓаните им се гарантира слободата на здружувањето заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

Во членот 30 од Уставот се гарантира правото на сопственоста (став 1), сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата (став 2), никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон (став 3).

Според член 32 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност (став 1). Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место (став 2). Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори (став 5).

Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон (став 1); Секој е должен да ги почитува Уставот и законите (став 2).

Според член 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

Со членот 55 од Уставот, се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото (став 1). Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот (став 2). Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбрана на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето (став 3).

Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017) содржи 57 членови кои се систематизирани во десет глави.

Во главата I „Општи одредби“ се дефинира предметот на уредување на дефинициите на одделни поими и кратенки употребени во Законот и прописите кои треба да се почитуваат при вршењето на сметководствените работи.

Главата II „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија“, ги содржи членовите од 4 до 13 со кои се дава основ за формирање на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и се дефинираат делокругот на неговите активности, организациската поставеност, работите кои органите на Институтот имаат законско право и обврска да ги вршат и начинот на финансирање на работата на Институтот. Институтот се основа како професионално тело на сметководителите и овластените сметководители заради подигнување на стандардот на сметководствената професија и заштита на интересите на неговите членови. Работите на Институтот на територијата на Република Македонија ќе се вршат преку подружници формирани на територијален принцип за една или повеќе единици на локална самоуправа. Подружниците на Институтот ќе немаат својство на правно лице. Работите во врска со работењето на Институтот ќе ги врши стручна служба под раководство на секретар.

Во главата III „Начин на стекнување со статус сметководител и овластен сметководител и континуирано професионално усовршување“, се содржани членовите од 14 до 19 и ги уредува критериумите и постапката за стекнување уверение за сметководител односно овластен сметководител, постапката за упис во регистарот на сметководители односно овластени сметководители, обврската на вршителите на сметководствени работи за континуирано професионално усовршување и постапката за признавање на професионална квалификација стекната во странство.

Во главата IV „Вршење сметководствени работи“ (од член 20 до член 28), се дефинираат физичките и правните лица кои можат да вршат сметководствени работи и обврзниците кај кои истите можат да вршат сметководствени работи. За вршење на сметководствени работи обврзникот за водење сметководство може да вработи сметководител и/или овластен сметководител или со договор за вршење на сметководствени работи да ангажира трговец поединец – сметководител, трговец-поединец овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи. Трговец поединец сметководител, трговец-поединец овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи правото за вршење на сметководствени работи го стекнува со уписот во соодветниот регистар кој се води кај Институтот односно со издавањето на лиценцата за работа од Институтот.

Во главата V „Регистри“ (од член 29 до член 31), ги уредува содржината на регистрите кои ги води Институтот, случаите во кои сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот-поединец овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи се бришат од соодветниот регистар, постапката за бришење од регистрите и временскиот период за кој се губи правото за вршење сметководствени работи.

Со одредбите од главата VII „Дисциплинска постапка“ (од членовите 32 до 39), се утврдуваат органот кој ја води дисциплинската постапка и мерките кои може да се изречат за сторена дисциплинска повреда кои вклучуваат: јавна опомена, парична казна, времено и трајно бришење од соодветниот регистар на Институтот. Со предлог одредбите во членовите 33, 34, 35 и 36 се дефинираат дисциплинските повреди за кои се изрекуваат дисциплинските мерки. Одлуките донесени во дисциплинска постапка ги извршува претседателот на Институтот и истите се објавуваат на веб страната и се запишуваат во соодветниот регистар на Институтот. Со членот 39 се дефинираат роковите по чиј истек изречената дисциплинска мерка се брише од соодветниот регистар.

Главата VII „Контрола на работењето“ (членови 40 и 41) го уредува опфатот на контролата над работењето на сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот – поединец овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи. Контролата на работењето се врши согласно годишната програма на Институтот за контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи или на барање на заинтересирани страни. Контролата ја вршат овластени сметководители вработени во стручната служба на Институтот со најмалку пет години работно искуство во вршењето на сметководствени работи.

Согласно одредбите од главата VIII „Надзор“ (членови 42 и 43) надзор над спроведувањето на одредбите на законот врши Министерството за финансии кое, исто така, врши надзор и на работењето на Институтот.

Во главата IX „Прекршочни одредби“ (од членовите 44 до 47) се уредени прекршочните санкции спрема сметководителот, овластениот сметководител, трговецот поединец – сметководител, трговецот-поединец овластен сметководител и друштвото за вршење на сметководствени работи во случај на непочитување на одредбите од Законот. Пред поведувањето на прекршочната постапка се дава можност за поведување постапка за порамнување. Прекршочната постапка ја води надлежен суд.

Во Главата X (од членовите 48 до 57) се содржани преодните и завршните одредби.

Тргнуваќи од анализата на законските одредби на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017) во целина, правото на вршење на сметководствени работи и услуги се врши со исполнување на критериуми дефинирани во овој закон преку континуирано усовршување и проверка на стекнатите знаења на сметководителите и овластените сметководители со цел да се задржи статусот на сметководител/ овластен сметководител.

Оттука, произлегува и фактот дека сметководството е динамична професија која бара постојано надградување и усовршување. Владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок претпоставува постоење и почитување на општи стандарди и позитивни законски норми. Граѓаните се еднакви пред законот, но законите регулираат конкретни области и треба да обезбедат еднаквост на граѓаните на кои тие закони се однесуваат. Владеењето на правото подразбира и транспарентност на условите и критериумите за стекнување и губење на одредени права, како и почитување на законите од страна на оние на кои тие закони се однесуваат. Во таа смисла, Законот за вршење на сметководствени работи јасно ги утврдува условите за професионално усовршување на секој сметководител.

Според членот 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд, меѓу другото, одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а не постојат основи за поинакво одлучување.

Тргнувајќи од наведените уставни и деловнички одредби, направената анализа на Законот во целина и одделни негови одредби, наспрема наводите во иницијативата, кои се идентични како и наводите од иницијативата по предметот У.бр.132/2017, Судот оцени дека наводите во ново поднесената иницијатива не содржат основи за поинакво одлучување, од кои причини исполнети се условите од членот 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, за отфрлање на иницијативата.

5.Врз основа на наведеното,Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6.Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Никола Ивановски и судиите: Насер Ајдари, Елена Гошева, Јован Јосифовски, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати, и Владимир Стојаноски.

У.бр.17/2018
11 јуни 2018 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Никола Ивановски