I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 4 став 2 од Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2011).
Реферат У.бр.57/2017
2. Член 236 став 1 точка 4 и став 2 точка 3 од Законот за безбедност на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр.169/2015, 226/2015 и 55/2016)
Реферат У.бр.109/2017
3. – Член 2 точка 16; Главата: „II. Институт на сметководители и овластени сметководители на Република на Македонија„ и членовите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13; Главата: „III. Начин на стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител и континуирано професионално усовршување“ и членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19, 19-а и 19-б; Главата: „IV. Вршење сметководствени работи“ и членовите 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27 и 28; Главата: „V. Регистри“ и членовите 29, 30, 31; Главата: „VI. Дисциплинска постапка“ и членовите 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38 и 39; Главата: „VII. Контрола на работењето“ и членовите 40 и 41; Главата: „VIII. Надзор“ и членовите 42 и 43; Главата „IX. Прекршочни одредби“ и членовите 44, 45, 46, 46-ѓ, 47 и 47-а; Главата „X. Преодни и завршни одредби“ и членовите 48, 49, 50, 51, 53 и 54 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016 и 193/2017).
Реферат У.бр.17/2018
4. Член 43 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.152/2017
5. Член 5 став 2 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над законитоста на работењето на нотарот („Службен весник на Република Македонија“ бр.226/2016 и 30/2017), донесен од министерот за правда.
Реферат У.бр.158/2017
6. – Тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност на штети предизвикани на трети лица, донесена од Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на 06.мај 2006 година (необјавена во Службен весник на Република Македонија) и Тарифата за изменување и дополнување на Тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност на штети предизвикани на трети лица донесена од Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на 14 јули 2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.144/2017), во целина;
– член 7 став 5 насловен како Бонус-Малус систем од делот IV „Утврдување на премијата во зависност од остварен штетен настан, од основниот текст на Тарифата, и
– член 8 став 3 и став 8 алинеја 1, насловен како „Други одредби за бонус и малус“ од Тарифата за изменување и дополнување на Тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност на штети предизвикани на трети лица донесена од Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на 14 јули 2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр,144/2017).
Реферат У.бр.156/2017
II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:
1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.74/2017 со нацрт-одлука
2. Предлог за одлучување по предметот У.бр.131/2017 со нацрт-одлука