I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 4 став 2 од Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2011).
Реферат У.бр.57/2017
2. Делот: „Нормираниот учинок се утврдува од страна на работодавачот,“ и делот: „утврдени од страна на работодавачот во соработка со работниците,“ од член 2 став 2 од Законот за минимална плата („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2012, 30/2014, 180/2014, 81/2015, 129/2015 и 132/2017)
Реферат У.бр.112/2017
3. Член 244 ставови 3 и 4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр.169/2015, 226/2015 и 55/2016).
Реферат У.бр.162/2017
4. Член 16 став 1 од Законот за инспекцијата на трудот („Службен весник на „Социјалистичка Република Македонија“ број 31/1985, 51/1988, 23/1990, 17/1991 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.32/1993) и член 19 став 1 во делот на зборот „осум“ и член 19 став 3 во делот на зборот „не“, од Законот за инспекцијата на труд („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/1997, 29/2002, 36/2011, 164/2013, 44/2014, 33/2015, 147/2015 и 21/2018).
Реферат У.бр.16/2018
5. Член 24 став 4 од Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници со високо образование од областа на медицината, бр.17-6022/1 од 20 мај 2015 година, донесен од министерот за здравство („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2015).
Реферат У.бр.53/2017
6. Член 5 став 2 од Правилникот за начинот на вршење на надзор над законитоста на работењето на нотарот („Службен весник на Република Македонија“ бр.226/2016 и 30/2017), донесен од министерот за правда.
Реферат У.бр.158/2017
7. Член 1 во деловите:„и обврските“; член 4; член 114 став 1 во делот: „обврските и одговорностите“; член 116 став 1 точка 2 алинеја 2 во делот: „само на Синдикатот потписник на овој колективен договор“ од Колективниот договор на Министерството за одбрана („Службен весник на Република Македонија“ бр.108/2013).
Реферат У.бр.90/2017
8. Одлука за распишување на референдум на локално ниво број 35-1657/3, донесена од Советот на Општина Прилеп на 4 септември 2-17 година („Службен гласник на Општина Прилеп“ бр.9/2017).
Реферат У.бр.119/2017
9. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.08-11800/4 од 12.09.2017 година („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.12/2017).
Реферат У.бр.125/2017
10. Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на Општинската јавна установа детска градинка „23 Август“-Берово за 2018 година, донесена од Советот на Општина Берово, бр.09-3223/1 од 27.12.2017 година („Службен гласник на Општина Берово“ бр.5/2018).
Реферат У.бр.22/2018
11. Член 16 ставови 3 и 4 од Статутот на Синдикатот на одбраната и безбедноста, донесен од Конгресот на Синдикатот на одбраната и безбедноста на 1 јули 2011 година
Реферат У.бр.164/2017
II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:
1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.95/2017 со нацрт-одлука
2. Предлог за одлучување по предметот У.бр.120/2017 со нацрт-одлука
3. Предлог за одлучување по предметот У.бр.126/2017 со нацрт-одлука