ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ
У.БР.153/2002 ГОДИНА ОД 12 МАРТ 2003 ГОДИНА
Противењето на Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија по предметог У.бр.153/2002 од 12 март 2003 година со која се укинува Одлуката за промена на имињата на улиците (населбите), плоштадите и мостовите во Општина Дебар, донесена од Советот на оваа општина под бр. 07-247/4 од 17 јуни 2002 година, а објавена во „Службен гласник на Општината“ бр. 10 од 9 август 2002 година.
го правам врз основа на член 25 став 6 и член 50 сгав 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/92) и го образложувам со следната фактичка и правна аргументација:
1. Во член 114 од Уставот на Република Македонија стои: „На граѓаните им се гарантира правото на локална самоуправа, а единиците на локалната самоуправа се општините. Локалната управа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мно- зинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (Амандман XVI).
– согласно член 115 став 1 од Уставот, кој е заменет со точка 1 на Амандманот XVII, во единиците на локалната самоуправа, граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето на прашањата од локално значење, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштита на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното воспитание, образованието и во други области утврдени со закон.
Согласно уставното овластување за уредување на локалната самоуправа со закон, прво е донесен Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/95) кој што престанал да важи со влегувањето во сила на Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002), во чие што време на важење е донесена оспорената Одлука.
И според стариот и според сега важечкиот Закон за локалната самоуправа, единиците на локалната самоуправа се општините и градот Скопје.
Судот оцени дека прашањата за именувањето на улици, плоштади, мостови, населби … е од општинска надлежност што и јас се согласувам.
Но, Судот смета дека за тоа да се реализира потребни се стандарди и постапка пропишани со посебен закон на државата. Сметам дека стандарди и нормативи за оваа материја постојат и се наоѓаат во сферата на науката, литературата, културата, уметноста, па и во броевите, преку кои населснието афирмира некои вредности. Кон- кретната оспорена Одлука се движи во рамките на тие стандарди и го изразува локалниот систем на вредности без притоа да го загрозува поширокиот интерес.
Во член 22 став 1 од Законот за локалната самоуправа таксативно се наброени (во 13 точки) надлежностите на Општината, меѓу кои и определувањето на имињата на улиците (член 22 став 1 точка 4). Очигледно се работи за општинска надлежност.
Законот во член 22 став 2 предвидува да постои посебен закон за стандарди и постапка. Таков закон не е донесен, затоа што во пракса досега постоеле стандарди и постапка за уредување на оваа материја, па загоа не е донесен таков закон. Оваа надлежност не може да се одземе од општината односно на општинскиот совет и затоа го издвојувам мислењето.
Со членот 22 став 2 од Законот, државата е овластена да ги определи основите и рамките за имињата на објектите во општините со посебен закон, но со недонесување на таков закон, таа молкум се согласува таа надлежност да ја извршува општината.
Ако не е така, државата можела за 8 години да го донесе тој закон. Спротивната теза е општината да не може да одлучува за имињата на улиците (населбите), плоштадите и мостовите додека не се донесе посебен закон, значи суспендирање на неспорната општинска надлежност. Со таквага теза и став јас не се согласувам и поради тоа се противам на таквата Одлука и го издвојувам мислењето.
Судија
на Уставниот суд на Република Македонија,
Бесим Селими