Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 14-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 22.05.2018 година (вторник), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 23 во делот: „членот 8 став 3 на овој закон“ од Законот за управната инспекција („Службен весник на Република Македонија„ бр.69/2004, 22/2007, 115/2007, 51/2011, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 156/2015, 193/2015, 53/2016 и 11/2018).
Реферат У.бр.65/2017

2. – Член 55 став 2;  член 68 ставови 2, 3 и 4 од Законот за нотаријат („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016 и 142/2016) и
– член 28 став 1 во делот: „Барањето за извршување на извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 eвра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога доверител при извршувањето е Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице”; член 86 став 1 во делот: „Приговорот на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога како странка во извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице“; член 87 став 1 во делот: „Жалбата против решението донесено по приговор на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис освен во случаите кога жалбата ја поднесува извршителот кој преземал извршни дејствија, или кога како странка при извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице.“ од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.18/2018

3. Член 46 став 1, во делот:„надоместок за администрирање; член 46 став 2, во делот: „цената на администрирање“ ичлен 46 став 4 точка 1 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.25/2018

4. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.09-63/3 од 04.09.2017 годинадонесена од Советот на Општина Битола „Службен гласник на Општина Битола“бр.9/2017).
Реферат У.бр.102/2017

5. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.09-63/3 донесена од Советот на Општина Битола на 04.09.2017 година(„Службен гласник на Битола“бр.9/2017).
Реферат У.бр.121/2017

6. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.08-3069/8 од 30.08.2017 годинадонесена од Советот на Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци“бр.62/2017).
Реферат У.бр.122/2017

7. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.09-6703/5 од 05.09.2017 годинадонесена од Советот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош“бр.12/2017).
Реферат У.бр.127/2017

8. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт „3 04, опфат помеѓу бул. „Илинден“ Бул.„8-ми Септември“, р.Вардар и ул „Љубљанска“, Општина Карпош-Скопје, бр. 09-6118/25 од 12.07.2016 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.9/2016)
Реферат У.бр.134/2017

9. Одлука за донесување на Детален Урбанистички план за Градска четврт С3 19 (Влае 2), помеѓу бул.„Партизански Одреди“, ул.„Ацо Шопов“, ул. „Војвода Васил Чакаларов“ (Циборовски) и река Вардар, Општина Карпош-Скопје, донесена од Советот на Општина Каарпош-Скопје, број 09-6118/4 од 12.07.2016 година објавена во „Службен гласник на Општина Карпош“бр.9/2016).
Реферат У.бр.136/2017

10. Одлука за давање на согласност на Годишниот план за вработување на Општинска јавна установа за социјална заштита на стари лица „Д-р Иван Влашки Берово“ за 2018 година , донесена од Советот на Општина Берово, бр.09-3232/1 од 27.12.2017 година објавена во „Службен гласник на Општина Берово“ бр.5/2018).
Реферат У.бр.20/2018

11. Одлука за давање на согласност на Годишниот план за вработување на Општина Берово за 2018 година бр.09-3222/1 од 27.12.2017 година.
Реферат У.бр.21/2018

12. Член 9 став 2 и член 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Македонија“бр.97/2012, 109/2013, 126/2015 и 127/2015).
Реферат У.бр.34/2018