Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 4-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.02.2018 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 48 став 5 алинеја 2 во делот „непосредно“, од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.130/2016

2. Член 7 став 1 во делот: „освен, ако во согласност со закон, за одделни одредби кои се однесуваат на даночна обврска е пропишано да имаат повратно дејство“; член 17 став 1 во делот: „откривање на даночни казниви дела и на нивни извршители“; член 52 став 4; член 57 точка 1 во делот: „и други лица“; член 76 став 3 во делот: „Управата за јавни приходи ќе утврди фактичка состојба за која што постои одредена веројатност. Врз основа на фактичката состојба таа може да извлече заклучоци кои нема да бидат во корист на даночниот обврзник“; член 121 став 2,од Законот за даночната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015 и 23/2016).
Реферат У.бр.92/2017

3. Член 236 став 1, во делот: „ставови 2 и 3“ од Законот за вонпарнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.9/2008).
Реферат У.бр.146/2017

4. Правилник за категоризација на спортистите од Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2002 и 50/2004), донесен од директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Реферат У.бр.83/2017

5. Одлука за утврдување на цени за чистење на снег на локални патишта и улици во зимскиот период на ЈПКД „МАВРОВО“ од Маврови Анови, бр.08-363/7 од 26.12.2016 година, донесена од Советот на Општина Маврово и Ростуше („Службен гласник на Општина Маврово и Ростуше“ бр.12/2016).
Реферат У.бр34/2017

6. – Одлука за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во Општина Охрид за 2016 година, бр.08-17635/30 од 25.12.2015 година, донесена од Советот на Општина Охрид („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.14/2015);
– Заклучок за прогласување на Одлуката за усвојување на Годишна програма за поставување на урбана опрема во Општина Охрид за 2016 година, бр.09-17635/30 од 25.12.2015 година, („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.14/2015).
Реферат У.бр.101/2017

7. Одлука за усвојување на измена и дополнување на ДУП за УБ.34, за плански период 2015 – 2020, со плански опфат 3.07 ха – општина Тетово, изработена од ДОО „Теплан“ – Тетово со тех.бр.11/15, донесена од Советот на Општина Тетово под бр.08-5221/40 од 28.04.2016 година („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.38/2016).
Реферат У.бр.117/2017

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.87/2017 со нацрт-одлука