Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 3-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 07.02.2018 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 44 став 8, член 49 став 1, член 50 став 1, член 56 став 4, член 80 став 5, член 95 ставови 1 и 2 во делот „обука“ од Законот за јавно обвинителство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2007 и 111/2008).
Реферат У.бр.119/2016

2. Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2015).
Реферат У.бр.21/2017

3. Член 20 став 2, во делот: „За претседател и член на спогодбениот совет може да биде именувано лице со завршено високо образование од правна или економска струка“, од Законот за вонсудско спогодување („Службен весник на Република Македонија“ број 12/2014).
Реферат У.бр.62/2017

4. Член 77 став 2 и член 78 ставовите 2 и 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015).
Реферат У.бр.94/2017

5. Член 58 став 1 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015).
Реферат У.бр.149/2017

6. Одлука за утврдување на висината на надомест за приклучок на објект на водоводна мрежа бр.0202-298 од 27.04.2012 година, донесена од Управниот одбор на јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ од Маврови Анови.
Реферат У.бр.71/2017

7. Одлука за стапување на Република Македонија во членство во Северноатлантската договорна организација – НАТО, бр.88-4670/1 од 23 декември 1993 година донесена од Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/1993).
Реферат У.бр.89/2017

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.49/2017 со нацрт-одлука