Уставниот суд на Република Македонија Ве известува дека на покана на претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Словенија од 25-27 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија.
Во рамките на оваа посета, судијата на Уставниот суд на Република Словенија д-р Цирил Рибичич, на 26 октомври 2007 година (петок) ќе одржи предавање на тема: „Заштита на човековите права во Европската Унија и Советот на Европа“. Предавањето ќе се одржи во просториите на Академијата за обука на судии и обвинители во Скопје, од 12.30 – 13.15 часот.