Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Махмут Јусуфи, престојува во Република Албанија во дводневна билатерална посета на Уставниот суд на Република Албанија. Посетата се остварува на покана од претседателот на Уставниот суд на Република Албанија д-р Ѓерѓи Саули и има за цел зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу уставните судови на двете земји и размена на искуствата во сферата на уставно-судската заштита на човековите слободи и права.
Во рамките на оваа посета, делегацијата на Уставниот суд на Република Македонија на 12 мај во Драч ќе се сретне и со претседателот на Република Албанија г-дин Алфред Мојсиу.