Од 15 до 19 мај 2005 година во Никозија, Кипар се одржа 13-тиот Конгрес на Европската Конференција на Уставните Судови на тема “Критериуми за ограничување на човековите права преку праксата на уставното судство”.
На Конгресот учествуваа преставници од 35 уставни, односно врховни судови, членови на Европската Конференција на уставни судови и преставници од 7 земји гости, судии од меѓународни судови и преставници на меѓународни организации.
Од Уставниот суд на Република Македонија учество земаа судијата Мирјана Лазарова Трајковска и генералниот секретар Д-р Стојмен Михајловски.