Во текот на февруари 2004 година, судијата Мирјана Лазарова-Трајковска присуствуваше на 24 состанок на работната Група на експерти за државјанство на Комитетот на Експерти за државјанство, што се одржа во Стразбур, во организација на Советот на Европа. Целта на состанокот беше подготовка на протокол на Европската Конвенција за државјанство. Протоколот се однесува на бездржавјанството во услови на сукцесија на државите.