Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од Претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и Судијата Игор Спировски, денеска заминува во неколкудневна посета на Никозија, Кипар. Повод за посетата е одржувањето на Подготвителниот состанок на Претседателите на Судовите за XIII Конференција на Европските Уставни Судови, кој трае до 17 Октомври 2003 година.
Организатор на овој состанок е Врховниот суд на Кипар. Предмет на дискусија на овој состанок ќе биде одлучувањето по апликациите на неколку Уставни и Врховни судови за полноправно членство во Конференцијата. Исто така, на овој состанок ќе се определи и темата на самата Конференција.
Уставниот суд на Република Македонија е полноправен член на оваа Конференција од 1999 година.