Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Уставниот суд г-ѓа Елена Гошева, ќе учествува на Регионалната конференција на тема: “Ефективната употреба на националните правни лекови во домашните судски постапки и супсидијарната улога на Европскиот суд за човекови права”, што ќе се одржи на 12 и 13 март 2015 година во Загреб, во организација на Советот на Европа – Одделот за подршка на националната имплементација на човековите права.
Учесници на Конференцијата ќе бидат претставници на судството, адвокатските комори, универзитетите и центрите за правни истражувања од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија, како и претставници на Европскиот суд за човекови права, Регистрарот на Судот и Секретаријатот на Советот на Европа.