Средба со Амбасадорот на САД во Република Македонија Н.Е. Пол Волерс
На 20 декември 2011 година претседателот на Уставниот суд на Република
Македонија г-дин Бранко Наумоски го прими Амбасадорот на САД во Република
Македонија Н.Е. Пол Волерс. Посетата имаше за цел запознавање на Амбасадорот
Волерс со активностите и работата на Уставниот суд на Република Македонија. На
средбата се разговараше за улогата на Уставниот суд, медиумското покривање на
неговата работа, постапката пред Уставниот суд и начинот на постапување по
предметите, како и за можностите за соработка помеѓу Уставниот суд и Амбасадата
на САД во Република Македонија.