Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, од 22 – 25 април 2010 година ќе престојува во билатерална посета на Уставниот суд на Црна Гора. Цел на посетата е продлабочување на соработката помеѓу уставните судови на двете земји преку размена на искуства и уставно судска практика.