Годишна прес-конференција посветена на работата на Судот во 2009 година.
До
СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 18 февруари 2010 година (четврток) во 11.00 часот во просториите на
Уставниот суд на Република Македонија (Работнички дом, 6-ти спрат) ќе се одржи
годишна прес-конференција посветена на работата на Судот во 2009 година.
Презентирањето на работата на Судот во наведената година ќе опфати (1) прецизен
преглед на податоци групирани по различни критериуми и (2) одговори на
прашањата на новинарите во врска со работата на Судот во 2009 година.
Ве покануваме да присуствувате и активно да учествувате на означената прес-
конференција.
12 февруари 2010 година
С к о п ј е
Уставен суд на Република Македонија
Порт-парол
М-р Југослав Миленковиќ