Тргнувајќи од зачестените реакции во врска со Решението на Судот за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 162 од Законот за внатрешните работи и на изречената привремена мерка, како и од квалификациите за политичко одлучување и партиско делување на Уставниот суд, Уставниот суд укажува дека правната основа за неговото постапување е Уставот на Република Македонија, дека неговата надлежност е да ја штити уставноста и дека таа своја надлежност и понатаму доследно ќе ја остварува, без да дозволи какво и да е влијание во врска со прашањата од неговиот делокруг и начинот на неговата работа утврдени со Уставот на Република Македонија и Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија.
УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СЛУЖБА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ