Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 6 октомври 2009 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр. 42/2008 и У.бр.77/2008, за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2008), во целина и посебно член 5 став 1 точка 7 во делот: „судија на Уставниот суд на Република Македонија“ и член 10 став 3 во делот:„на претседател на Републиката“.