Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.11.2017 година (четврток), со почеток во 09,00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.11.2017 година (четврток), со почеток во 09,00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 48 став 5 алинеја 2 во делот „непосредно“, од Законот за
административни службеници (”Службен весник на Република Македонија” број
27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.130/2016

2. Член 72 став 2 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на
Република Македонија“ бр.79/2009, 36/2011, 51/2011,166/2012, 15/2013, 79/2013,
164/2013, 187/2013, 38/2014, 44/2014, 116/2014, 180/2014, 33/2015, 72/2015,
104/2015, 150/2015, 173/2015, 192/2015 и 30/2016).
Реферат У.бр.133/2016

3. – Член 28 став 1 во делот: „Барањето за извршување на извршната
исправа чија вредност на главното побарување е над 10.000 eвра задолжително го
составува адвокат и содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога
доверител при извршувањето е Република Македонија, банка, штедилница,
финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување
како правно лице”;
– член 86 став 1 во делот: „Приговорот на извршно дејствие во
предметите по извршната исправа чија вредност на главното побарување е над
10.000 евра задолжително го составува адвокат и содржи адвокатски печат и
потпис, освен во случаите кога како странка во извршувањето се јавуваат
Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на
финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице и
– член 87 став 1 во делот: „Жалбата против решението донесено по
приговор на извршно дејствие во предметите по извршната исправа чија вредност
на главното побарување е над 10.000 евра задолжително го составува адвокат и
содржи адвокатски печат и потпис освен во случаите кога жалбата ја поднесува
извршителот кој преземал извршни дејствија, или кога како странка при
извршувањето се јавуваат Република Македонија, банка, штедилница, финансиско
друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно
лице, од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија” број
72/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.135/2016

4. Член 100-а од Законот за семејство („Службен весник на Република
Македонија“ бр.80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/2010, 156/2010,
39/2012, 44/2012, 38/2014, 115/2014, 104/2015 и 150/2015)
Реферат У.бр.10/2017

5. Член 112 став 1 во деловите: „треба“ и „и списите на предметот од
првостепениот орган на второстепениот орган“ од Законот за општата управна
постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015).
Реферат У.бр.48/2017

6. Член 169 став 4 во делот: „за утврдување и наплата на јавните
приходи“ од Законот за животната средина („Службен весник на Република
Македонија“ бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010,
51/2011, 123/2012, 93/2013, 187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 192/2015 и
39/2016).
Реферат У.бр.81/2017

7. Одлука за донесување на ДУП за Централно градско подрачје 3 дел –
Блок 10 и 16 – Битола, бр. 07-15/26, донесена од Советот на Општина Битола на 4
јули 2012 година („Службен гласник на Општина Битола“ бр.8/2012).
Реферат У.бр.156/2016

8. – Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија, бр.
08-4468/1 од 18 октомври 2016 година („Службен весник на Република Македонија“
бр.193/2016 од 18.10.2016 год.) донесена од Собранието на на Република
Македонија, и
– Решение за распишување на предвремени избори за пратеници во
Собранието на Република Македонија бр.09-4469/1 од 18 октомври 2016 година
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 193/2016 од 18.10.2016 год.),
донесено од претседателот на Собранието на Република Македонија.
Реферат У.бр.11/2017

9. Член 2 во делот: „Љубинци, Псача и Опила“ од Одлуката за изменување
на Одлуката за определување на пасивни населени места и дефинирани занимања и
занаети во изумирање и населени места каде што нема јавно осветлување во
Општина Ранковце, бр.09-217/5 од 07.04.2017 година донесена од Советот на
Општина Ранковце („Службен гласник на Општина Ранковце“ бр.5/2017).
Реферат У.бр.52/2017

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.50/2017

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот
У.бр.169/2016 со нацрт-одлука