I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. – Член 3 став 2, член 4 ставови 1 и 2, член 8 став 1 и став 3 во делот „Надоместокот и таксата од ставот 1 на овој член“ и
– член 9 став 1 од Законот за основање на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/2014, и 53/2016)
Реферат У.бр.27/2016
2. – Член 34-а став 1 точка 1, во делот: „да е регистрирано како трговец поединец, или трговско друштво за вршење на сметководствена дејност, или“ и точка 2 во делот: „да има вработено лице со уверение за сметководител/овластен
сметководител согласно со Законот за вршење на сметководствени работи, или“, член 34-в став 2 точка 1, во делот: „кога се работи за трговец поединец или трговско друштво за вршење сметководствени работи“ и член 35-б од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица лица („Службен весник на Република Македонија“ бр.84/2005, 13/2007, 150/2007, 140/2008, 17/2011, 53/2011, 70/2013, 115/2014, 97/2015 и 192/2015); и
– Правилник за издавање на овластување „Регистрационен агент“ бр.03-1165/1, донесен од Директорот на Централниот регистар на Република Македонија, во целина и посебно член 2 алинеја 1 и член 7 од Правилникот.
Реферат У.бр.90/2016
3. – Член 84 од Колективниот договор за текстилна индустрија на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.137/2007) и
– член 84 од Колективниот договор во АД „Палтекс“ Делчево, бр.0202-290 од 28.10.2008 година
Реферат У.бр.106/2016