Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 5-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 22.02.2017 година (среда), со почеток во 09.00 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 3 став 2, член 11 став 3, член 12 став 1 алинеи 1, 2, 3, 4 и 5,
член 26 став 2 алинеја 4, член 28 став 1, член 29, член 31, член 37 став 1,
член 42 став 1, член 48 став 4 и член 62 став 1 од Законот за филмската дејност
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2013, 18/2014, 44/2014,
129/2015 и 39/2016)
Реферат У.бр.84/2016
2. Член 19 став 2, во делот: „на работни места и работи кои се
изведуваат под земја“, од Законот за пензиското и инвалидското осигурување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013,
170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015,
61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016,
120/2016 и 132/2016).
Реферат У.бр.99/2016
3. Член 41 став 2, во делот: „став 4“, од Законот за изменување и
дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови („Службен весник
на Република Македонија“ бр.27/2014).
Реферат У.бр.116/2016
4. Одлука бр.493-1-0201 од 19.09.2016 година донесена од Собранието на
Здружението за заштита на авторските музички права „ЗАМП“ – Скопје.
Реферат У.бр.160/2016