Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 30.11.2016 година (среда), со почеток во 09.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 30.11.2016 година (среда), со почеток во 09.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 9 ставови 4, 5, 6, 7, 8 и 9 од Законот за даночната постапка
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 88/2008, 159/2008,
105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013,
15/2015, 97/2015. 129/2015, 154/2015 и 23/2016)
Реферат У.бр.45/2015

2. Член 10 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република
Македонија“ бр.149/2014)
Реферат У.бр.92/2015

3. Член 98 став 5 алинеја 6 од Законот за административни службеници
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015,
154/2015 и 5/2016)
Реферат У.бр.121/2015

4. Член 17 став 1 алинеја 3 во делот: „и други видови правна помош“ од
Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен
весник на Република Македонија“ бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010 и
51/2011)
Реферат У.бр.89/2016

5. Член 46 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на Република
Македонија“ бр.35/2005, 50/2006, 129/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010,
88/2010, 171/2010, 148/2011 и 187/2013)
Реферат У.бр.105/2016

6. Член 2 став 1 точка 12-а во делот: „е трговец поединец или трговско
друштво кое е регистрирано за вршење на сметководствена дејност“ од Законот за
едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други
правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр.84/2005, 13/2007,
150/2007, 140/2008, 17/2011, 53/2011, 115/2014, 97/2015 и 192/2015)
Реферат У.бр.122/2016

7. Член 13 став 2 од Правилникот за критериумите, начинот на работа на
автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со
која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите
за оспособување на кандидати за возачи (”Службен весник на Република
Македонија” број 90/2013)
Реферат У.бр.164/2016