Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 19-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 07.07.2016 година (четврток), со почеток во 09.00 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. – Член 33 ставови 1 и 2 и член 57 став 3 од Законот за превоз
во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004,
127/2006, 114/2009, 83/2013, 140/2010, 17/2011, 53/2011, 6/2012, 23/2013,
120/2013, 163/2012, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015,
124/2015, 193/2015, 37/2016 и 71/2016) и
– Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на висината на
надоместокот за користење на услугите на автобуските станици („Службен весник
на Република Македонија“ бр.18/2015
Реферат У.бр.52/2015
2. – член 33 став 2 и член 67 точка 6 од Законот за заштита на
населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.
66/2004, 139/2008 и 99/2009);
– член 10 став 1 и член 17 од Законот за изменување и дополнување на
Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 149/2014)
Реферат У.бр.99/2015
3. – Член 4 став 2 зборовите: „од 120 до“, ставовите 3, 4, 5 и 6, член
31 став 2 точката 34-в зборовите: „освен во случајот определен во точките 34-г
и 34-ѓ на овој член“, точките 34-г, 34-д, 34-ѓ, 34-е и точката 34-ж зборовите:
„само во случај на точките 34-г, 34-ѓ и 34-е“ од Изборниот законик („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008,
163/2008, 44/2011, 51/ 2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014 и 196/2015) и
– член 78 став 1 зборовите: „Заради организирање на предвремени избори
за пратеници кои ќе се одржат на 24 април 2016 година“, член 80 зборовите:
„Заради организирање на предвремени избори за пратеници кои ќе се одржат на 24
април 2016 година“, член 82 и член 83 зборовите: „до денот на одржувањето на
предвремените избори за пратеници кои ќе се одржат на 24 април 2016 година“ од
Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 196/2015).
Реферат У.бр.107/2015
4. Член 24 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ број 88/2015).
Реферат У.бр.15/2016
5. Член 24 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.
199/2014).
Реферат У.бр.33/2016
6. Член 26 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
ревизија („Службен весник на Република Македонија“ бр.138/2014)
Реферат У.бр.57/2016
7. Законот за акцизите („Службен весник на Република Македонија“ бр.
82/2013, 18/2014,44/2014 и 24/2015), во целина и посебно член 37 став 11, член
43, член 44 став 11 и член 51-б
Реферат У.бр.97/2016
8. Член 90 став 2 од Законот за судската служба („Службен весник на
Република Македонија“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015 и 6/2016).
Реферат У.бр.107/2016
9. Член 19 став 3 во делот: „од машки пол се врши еднаш неделно, додека за
притворени лица од женски пол капењето“ од Правилник за куќниот ред за
извршување на мерката притвор во притворските одделенија на затворите („Службен
весник на Република Македонија“ бр.101/2011).
Реферат У.бр.4/2016