Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 17-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 22.06.2016 година, со почеток во 09.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 17-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 22.06.2016 година, со почеток во 09.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 43 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни
болести („Службен весник на Република Македонија“ број 66/2004, 139/2008,
99/2009, 149/2014 и 150/2015) и
– Правилникот за поблиските услови по однос на просторот, опремата и
кадарот, начинот и средствата за вршење на дезинфекција, дезинсекција и
дератизација („Службен весник на Република Македонија“ број 152/2007 и 101/2013)
Реферат У.бр.86/2015

2. Член 12 став 2 од Законот за основање на Државна комисија за
одлучување во втор степен во областа на испекцискиот надзор и прекршочната
постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/2014 и 53/2016)
Реферат У.бр.119/2015

3. Член 22 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и
медицинските помагала („Службен весник на Република Македонија“ бр.147/2013) и
член 65 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и
медицинските помагала („Службен весник на Република Македонија“ бр.88/2015).
Реферат У.бр.68/2016

4. Член 8-а ставови 2 и 3 во делот: „Законот за државните службеници“ од
Законот за шумарска и ловна инспекција („Службен весник на Република
Македонија“ бр.88/2008, 6/2010, 36/2011, 74/2012, 164/2013, 43/2014, 33/2015 и
149/2015).
Реферат У.бр.82/2016

5. – Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната
Комисија за енергетика на Република Македонија на 30 јули 2012 година („Службен
весник на Република Македонија“ брoj 97/2012, 109/2013,126/2015 и 127/2015), во
целина и
– посебно член 53 став 1, член 55 став 3 и член 66 став 1 и 2.
Реферат У.бр.94/2015

6. – Одлука за давање согласност за поставување на урбана опрема на подрачјето
на Општина Бутел, број 08-208/2 од 23.02.2016 година, донесено од Советот на
Општина Бутел, објавена во “Службен гласник на Општина Бутел” број 2 од 23
февруари 2016 година и
– Решение за објавување на Одлука за давање согласност за поставување
на урбана опрема на подрачјето на Општина Бутел, број 09-251 од 23.02.2016
година, донесено од градоначалникот на Општина Бутел.
Реферат У.бр.72/2016